мини Пупин (Pupin) — мошне мал месечев ударен кратер во источниот дел на пределот Море од Дожд (Mare Imbrium). Сместен е југоисточно од кратерот Тимохарис, и се нарекувал „Тимохарис K“ (Timocharis K) пред Меѓународниот астрономски сојуз да му го даде името „Пупин“. Месечевото море близу Пупин инаку нема други забележителни кратери, и е речиси безличен, освен мошне слабо видлив зраковиден ударен материјал.
И покрај неговите привидно мали димензии, кратерот Пупин е всушност поголем од познатиот Баринџеров кратер во Аризона.
Наводи
Категорија:Кратери на Месечината Категорија:Четириаголник LQ11