Роберт С. Јаки ( - , ) бил познат македонски фотограф и еден од доајените на македонското фоторепортерство.
Творештво
Јаки своите први фотографии ги објавил во весникот „Нова Македонија“ во 1975 година, како претставник на новата генерација фотографи на современата македонска новинска фотографија. Станал познат по своите фотографии на големите несреќи и трагедии. Работел за сите изданија на „Нова Македонија“, потоа во Танјуг, Алсат М, а во еден период имал и свој фотомагазин „Фотон“. Неговите критериуми за фотографија биле на светско рамниште. Отворил повеќе самостојни изложби на уметничка и новинска фотографија. Починал на 29 октомври 2010 година во Скопје на 60 годишна возраст, токму на 66 годишнината од Нова Македонија, весникот во кој започнал да работи. Наводи
Надворешни врски
Роберт Јаки (1950 - 2010), фоторепортер - Последен збор (Утрински Весник)
Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски фотографи Категорија:Македонски фоторепортери