Не поистоветувајте ја со азиската држава Малезија. мини|400п|десно|Карта на Малесија со населените места Малесија (изворно: Закамен)— ридско-планински предел во Западна Македонија, карактеристичен по својата историја, етнологија и култура.
Географија Областа Малесија е сместена на планината Караорман. Го опфаќа целиот слив на Збашка Река (или Голема Река), десна притока на Црн Дрим. На исток се граничи со Дебрца, на северозапад со Дебарска Жупа, на запад со Дебарски Дримкол, а на југ со Струшко Поле. Релјефот е ридски и планински. Климата е планинска.
Населени места Во оваа област влегуваат селата Брчево, Буринец, Глобочица, Збажди, Локов, Присовјани, Р'жаново и Селци.
Демографија
Бројот на населението во Малесија некогаш достигнувал и до 1.000 жители. Според последниот попис од 2021 година, селата Р'жаново и Локов се раселени, а во Присовјани, Буринец, Селци и Збажди живеат само 20 жители. Жителите од Малесија мигрирале најчесто во Струга, Охрид и Скопје. Голем дел од жителите од прилепското село Ново Лагово потекнуваат од доселеници од Малесија. Освен во Македонија еден дел од населението е колонизирано во Јабука, Србија. Од овој регион потекнуваат и дел од мештаните на село Козичино, Кичевско. Маалото во кое тие живеат се нарекува Малезовци. Инаку во легендите се зборува за некој Стојко Малезан кој живеел пред 4-5 века кој бегајќи од турските војски поради убиство на турски големец се населил во ова планинско село кое се наоѓа на 22 километри од Кичево.
Следува табела на движењето на бројот на населението низ сите пописни години: +Населено место19001905194819531961197119811991199420022021Брчево300336299316355308140543396Буринец——15214838020001Глобочица300360291353465020000Збажди550640463505449924116151010Локов32032019122361004000Присовјани480480382350288222331913113Р'жаново360360296314128000000Селци1.0501.14427625238200406Вкупно3.3603.6402.3502.4611.82262421893653026
Малесија како мотив во уметноста „Малесија“ - песна на македонскиот поет Наум Целакоски.Наум Целакоски, Пролог, 1998, стр. 35.
Поврзано Народни носии од Малесија
Наводи
Категорија:Историско-географски области во Македонија