Бомбашкиот напад во Истанбул е самоубиствен напад кој се случил на 31 октомври 2010 година на плоштадот Таксим во Истанбул, Турција, во околу 10:30 часот. Нападот резултирал со најмалку 22 повредени, од кои 10 полицајци.

До моментов никој нема преземено одгтоворност за нападот, но според локалните власти, според првичните информации, станува збор за забранетата курдска сепаратистичка организација ПКК, која претходно се заканила дека ќе ги нападне „сите градови во Турција“, во знак на одмазда а нападите на турската војска врз упоришта на Курдите во Ирак. Според изјавата на некој таксист, тој видел маж на возраст меѓу 30 и 33 години како се доближува до полицајци за да ги праша за правец и во тој момент бомбата експлодирала. Според друг пак, до полицајците се приближиле двајца мажи.А1 телевизија: Над 20 луѓе повредени во нападот во Истанбул

Наводи

Категорија:Терористички напади во Турција во 2010 Категорија:Историја на Истанбул (1923-денес)