Киша — археолошко наоѓалиште, т.е. некропола во тетовското село Вешала. Наоѓалиштето е сместено во близина на селото на истоименото место. Името доаѓа од албанскиот збор Kisha, што значи црква. За првпат ова наоѓалиште било отркриено во 1982 година при изградбата на локалниот пат Вешала — Бозовце. Тогаш биле откриени гробови со камени плочи со дебелина од 8 до 10 сантиметри. Бидејќи на нив немало никакви натписи, без претходно да се направат археолошки и антрополошки истражувања не можело да се потврди од кога потекнуваат и кој ги направил. При повторно проширување на истиот пат, во 2007 година, багерите на градежната фирма наишле на камени плочи и скелети. Поради немање на финансиски средства, Музејот на тетовскиот крај не бил во можност да врши понатамошни испитувања. Камените гробови се од типот циста и се направени од неклесани камени плочи кои се наредени во редови. Наводи

Надворешни врски Изградбата на патот Вешала -Бозовце откопа стари гробишта - Телевизија Кисс

Категорија:Вешала