Јован Зизјулас (, Јоанис Зизјулас; - ) — современ богослов и титуларен Митрополит Пергамски на Цариградската патријаршија.

Живот

Роден на 10 јануари 1931 г. во Катафиги, Кожанско, Егејска Македонија. Своите студии ги започнал на Солунскиот универзитет, додека богословското образование го стекнал на Атинскиот универзитет во 1955 година. Неговите патролошки студии продолжиле под менторство на отец Георгиј Флоровски во Харвард, дека што и магистрирал, за подоцна да го стекне докторатот во Атина, во 1965 година. Цели 14 години бил богословски професор на Универзитетите во Глазгов и Единбург, а независен професор бил на универзитетите во Женева, Грегоријанскиот универзитет и Кралскиот Колеџ во Лондон. Во Епископски чин е хиротонисан на 22 јуни 1986 година.

Богословие

Неговата прва објавена книга била воедно и докторската дисертација на Атинскиот Универзитет (1965 г.), насловена „Евхаристија, Епископ, Црква: Единственоста на Црквата во Божествената Евхаристија и Епископатот во првите три века“, која претставува придонес и продолжение на делата на отец Николај Афансјев.

Митрополитот Јован, е една од најзначајните личности во екуменскиот дијалог меѓу Православната Црква и другите христијански традиции. Во 2006 го наследи Архиепископот Стилијан Австралиски како претседател на Православната Комисија за дијалог со Римокатоличката црква.

Починал на во Атина на 2 февруари 2023 г. како последица од вирусот КОВИД-19.

Дела и студии Ἡ ἑνότης τῆς Ἐκκλησίας ἐν τῇ Θείᾳ Εὐχαριστίᾳ καί τῷ Ἐπισκόπῳ κατά τούς τρεῖς πρώτους αἰώνας 1965 Ἀπό τό προσωπεῖον εἰς τό πρόσωπον: Ἡ συμβολή τῆς πατερικῆς θεολογίας εἰς τήν ἔννοιαν τοῦ προσώπου 1976 Eλληνισμός και Xριστιανισμός, η συνάντηση των δύο κόσμων 2002 L'être ecclésial 1980 Being as Communion 1985 H κτίση ως Eυχαριστία, Θεολογική προσέγγιση στο πρόβλημα της οικολογίας 1992 Ο Άγιος Σιλουανός της οικουμένης 2001

Наводи

Надворешни врски

Список на делата на Јован Зизјулас Неговото Високопреосвештенство Јован Пергамски од Православниот истражувачки институт Догматски теми — белешки од предавањата по догматика на Јован Зизјулас Ресурси за христијанско богословие: Јован Зизјулас

Категорија:Грчки теолози Категорија:Православни теолози Категорија:Православни митрополити Категорија:Членови на Атинската академија Категорија:Луѓе од Катафиги Категорија:Починати во Атина