Служба за заштита на природата (; ) или DOC — државен орган на Нов Зеланд надлежен за заштита на природните и културните богатства на земјата.Цели на Службата - Извештај од 30 јуни 2007. проверено на 2 април 2008

Функција Преглед мини|302п|Знак на службата во националниот парк Фјордленд мини|302п|Куќарка на службата долж главната планинарска патека во националниот парк Ракиура

Службата е основана во 1987 г. со донесувањето на Законот за заштита на природата (Conservation Act 1987)Закон за заштита на природата 1987 спојувајќи се со дел од тогашата Служба за земјишта и катастар, со Службата за шумарство и Службата за див свет. Со овој закон се утврдени и највеќето должности и улоги на установата.

Во нејзина надлежност е речиси сето крунско земјиште во Нов Зеланд. Ова претставува една третина од површината на земјата, и тука спаѓаат национални, шумски и морски паркови, и речиси 4000 резервати, поречја, некои крајбрежни предели, неколку стротини мочуришта и многу острови. Речиси сите предели под надлежност на службата се заштитени поради нивната пејзажна, научна, историска или културна вредност, или пак се наменети за рекреативни активности.

Рекреативната цел е една од поглавните одговорности на службата. Тука спаѓа раководење и одржување на излетнички места, планинарски патеки и 1000 куќарки за планинари и ловџии. Под нејзина надлежност е и Фондот за природни богатства, како и пожарната безбедност во руралните подрачја.

Покрај раководењето со земјиштата и рекреативните активности, службата работи на зачувување на природните богатства. Тука може да се вброи запазувањето на историски места на јавно земјиште, грижа за опстанокот на загрозените домородни видови, справување со неповолни состојби како штетници и коров, обнова на природната околина, зачувување на морскиот свет, и пружање помош на земјопоседниците во зачувувањето на природното богатство.

Заштитени предели Нов Зеланд има 14 национални паркови и поголем број на други заштитени области со различно ниво на заштитеност. На една третина од земјиштата постои забрана за рударски активности.

Поврзано Биоразновидност на Нов Зеланд Национални паркови во Нов Зеланд Шумски паркови во Нов Зеланд Задолжбина за историски места на Нов Зеланд

Наводи

Надворешни врски

Служба за заштита на природата Блог на Службата за заштита на природата Кратка историја на Службата за заштита на природата: 1987-2007

Заштита на природата Категорија:Природа на Нов Зеланд Категорија:Заштита на природата Категорија:Заштита на животната средина