Етна (итал. Etna или Mongibello; лат. Aetna) — стромболски вулкан на источниот брег на Сицилија.
Етна е најголемиот активен вулкан во Европа со височина од 3,329 метри, но тоа варира според ерупциите. Планината е пониска за 21 метар од 1981.
Таа е највисокиот вулкан во Европа надвор од Кавказ. Вулканот е висок 3.329 м иако врвот варира согласно ерупциите. Таа е највисока планина во Италија јужно од Алпите. Покрива површина од со површина на основата која зафаќа 140 км. Со тоа Етна е далеку поширока од трите активни вулкани во Италија, два и пол пати повисока од вулканот Везув. Само Теиде на Тенерифе (Шпанија) ја надминува во целиот Европско-Североафрикански регион, западно од Црното Море.. Во старогрчката митологија, смртоносното чудовиште Тифон бил заробен под оваа планина од страна на Зевс, бог на небото и на молњите и крал на боговите, а постојат легенди и дека ковачницата на богот Хефест исто така се наоѓала под вулканот.Aelian, Hist. An. xi. 3, referenced under Aetnaeus in William Smith's Dictionary of Greek and Roman Biography and Mythology
Етна е и еден од најактивните вулкани во светот. Плодната вулканска почва го поддржува земјоделството, поволна е за одгледување лозје и разни видови овошје кои се распространети во долните делови на планината.
Поради нејзината историја на поскорешните активности, планината Етна била прогласена за еден од Децениските вулкани од страна на Обединетите Нации. Во јуни 2013, Етна била додадена на списокот на УНЕСКО како една од светските природни наследства на човештвото.
Потекло на поимот Зборот Етна потекнува од грчкиот збор αἴθω (aithō), кој значи "горам", со јотацистички изговор.According to Adrian Room’s book Place-names of the World, the name "Etna" originated from the Phoenician word meaning "furnace" or "chimney". He dismisses the hypothesis that 'Etna' has a Greek derivation. На класичен грчки, вулканот се нарекува (Aítnē), назив со кој ја нарекувале и Катанија како и градот оригинално познат како Инеса. На латински, се нарекува Aetna. Арапите вулканот го викале Џабал ел-Нар (арапски: ) или Огнена планина.
Познат е и по називите Мунџибеду (сицилиски: Mungibeddu), Монџибело или Монтебело (италијански: Mongibello /Montebello што буквално значи "убава планина"). Друга лингвистичка теорија е дека називот Монџибело доаѓа од италијанскиот збор monte и арапскиот jabal, кои и двата означуваат "планина".
Легендата за киклопските карпи мини|Местоположбата на Етна на островот Сицилија мини|Вулканските Острови на киклопите (италијански: isole dei ciclopi) на Сицилија на 20 км оддалечени од вулканот Етна. Недалеку од Катанија, на источниот брег на Сицилија, лежат три огромни карпи познати како Киклопски карпи (италијански: Scogli dei ciclopi). Тие се од вулканско потекло и се сосема поинакви од останатите карпи крај овој брег. Грчкиот мит раскажува дека чудовиштето ги фрлило трите сосема идентични камења врз бродот на јунакот Одисеј, еден од јунаците на Тројанската војна. Грчкиот поет Хомер од 8 век п.н.е во делото Одисеја разскажува како јунакот и неговите другари на Сицилија ги заробиле киклопи. Водач на киклопите бил грдиот Полифем, кој имал само едно око на средината на челото. Додека Полифем спиел, Одисеј и неговите придружници во окото му забоделе зашилена и вжарена маслинова гранка а потоа побегнале, спасувајќи си ги животите а и бродот. Иако го заслепеле и му задале ужасна болка, киклопот сè уште можел да ги гаѓа фрлајќи камења од падината на планината. Тој не ги погодил, а карпите и денес стојат таму каде што паднале и потсетуваат на силата на чудовиштето. Ако се погледне дваесетина километри накај копното, се гледа врвот на вулканот Етна а длапката на нејзиниот кратер потсетува на окото на киклопот. мини|Разгледница од 1931 со Етна при ерупција
Историја мини|Фреска која ја прикажува ерупцијата на Етна во 1669 година Етна повеќепати во историјата покажала способност да исфрла камења големи како киклопските карпи, а истата сила ја задржала до денес. Зачувани се пишани извори за големите ерупции во 475 и 369 п.н.е., потоа во 812 или 1169 година при што загинале 15000 луѓе на Сицилија како резултат на земјотресот кој претходел на ерупцијата како и онаа во 14 век. Во 1669 година Етна се распукала од врвот до дното и од неа се излеале милиони тони лава што тогаш ја уништила цела Катанија и околината. Помали ерупции се случувале пред и потоа (само во 20 век имало повеќе од 10) кои редовно ги уништуваат земјоделските површини и ги опожаруваат селата.
Иако сведоштвата за активноста на Етна допираат во минатото сè до митските времиња, таа е релативно млад вулкан. Се појавила од морето пред околу милион години, а нејзината прва ерупција се случила околу милион години подоцна.
Денес Етна е најголемиот активен вулкан во Европа, подножјето има пречник од околу 160 км и се простира во област со големина на Лондон и околината. Висината на Етна е променлива исто како и кај многу други вулкани. Сега, нејзиниот врв се наоѓа на висина од 3.320 м. Но, пред околу сто години тој бил повисок за 30м. Поради постојаните ерупции доаѓа до поместување на врвот, имено, конусниот врв се вовлекува и зад себе остава вдлабнатина во форма на чинија (купа), а во близина се создаваат нови конусни врвови. Пред денешниот врв постоеле најмалку два, а на страната од вулканот се наоѓа купата: голема дупка со пречник од 20 километри чии падини стрмно паѓаат дури 900 м. Сите тие непрекинати промени оставаат непријатен впечаток дека пред себе имате едно огромно примитивно живо суштество. Впечатокот го надополнува избивањето на чадот и пареата од фумаролите(отвори од каде излегува чадот) и од малите кратери, што асоцира на дишење. Исто како и другите активни вулкани и Етна може да се споредува со полупропустлив вентил што ја затвора слабата точка на Земјината кора. Се смета дека ерупциите на Етна доаѓаат од резервоарот со лава, долг околу 30км и длабок околу 4км. Резервоарот е сместен под планината, а ерупциите се хранат со огромно количество вжарен материјал, кој избива под притисок на гасовите под кората. Огромниот притисок сè повеќе расте и бара излез како на страните , така и на врвот на вулканот и на крајот се појавува на површината како огнена фонтана од сулфурен гас и лава.
Ерупции мини|Илустрација на Вале дел Бове кај Етна
Геолошка историја мини|Депресијата наречена Вале дел Бове во близина на вулканот Етна Вулканска активност на Етна првпат се случила пред околу 500,000 години, со ерупции под морето надвор од старото крајбрежје на Сицилија. Пред околу 300,000 години, вулканската активност започнала да се случува југозападно од врвот на вулканот, а потоа активноста се преселила кон сегашниот централен врв, пред околу 170,000 години. Ерупциите во тоа време го создале првиот вулкан, формирајќи стратовулкан со наизменични експлозивни и ефузивни ерупции. Растот на планината бил повремено прекинат поради големите ерупции, кои довеле до тоа пропаѓањето на врвот да формира купи. Пред околу 35,000 до 15,000 години, Етна имала високо експлозивни ерупции, генерирајќи големи пирокластични текови, што оставиле широки наслаги на ингимбрит. Пепел од овие ерупции е пронајдена дури до Рим, јужно од неговата границата, 800 километри накај север. Пред илјадници години, источното крило на планината доживеало катастрофален колапс, правејќи огромно свлечиште во настан сличен на оној виден при ерупција на Планината Св. Хелена во 1980. Свлечиштето оставило широка депресија на страната на вулканот позната како Вале дел бове (италијански 'Valle del Bove' во превод „Волска долина“). Едно истражување објавено во 2006 година сугерира дека тоа се случило пред околу 8000 години и предизвикало огромно цунами, кое оставило белег на неколку места во источниот Медитеран. Можеби тоа било причината населбата Атлит Јам (Израел), сега под морското ниво, наеднаш да биде напуштена од страна на населението токму околу тој период. Стрмните ѕидови на долината паѓале во бројни прилики. Стратумите обезбедуваат важен и лесно достапен запис на еруптивната историја на Етна. Најскорешниот колапс на врвот на Етна се смета дека се случил пред околу 2.000 години, формирајќи го тоа што денес е познато како Пјано Калдера. Оваа калдера речиси целосно била исполнета со последователни лавини ерупции, но уште е видлива во падината на планината во близина на основата на денешниот конусен врв. центар|мини|418x418пкс|Волска долина (Valle del Bove) на Сицилија, сликана ден по ерупцијата на вулканот
Историски ерупции мини|281x281пкс|Алесандро Дана, слика на ерупција на Етна (1766) мини|Катанија и планината Етна, цртеж од 1840 мини|Поглед на Етна од театарот во Таормина, слика од Вилијам Стенли Хаселтин Ерупциите на Етна следат различни шеми. Повеќето се случиле на врвот, каде сега (од 2008) постојат пет различни кратери — на Североисточен кратер, Вораџине, Бока Нуова, и Југоисточен кратерски комплекс (2). Други ерупции се случиле на падините, кои имаат повеќе од 300 отвори и варираат по големина од мали дупки во земјата до големи кратери од стотици метри. Ерупциите на врвот може да бидат високо експлозивни и спектакуларни, но ретко се закануваат на населените области околу вулканот. За разлика од тоа, страничните ерупции може да стигнат надолу до неколку стотици метри надморска височина, близу до или во населените места па затоа претставуваат закана. Голем број села и мали градови лежат околу или на конусите од минатите странични ерупции. Од година 1600 година наваму, се случиле најмалку 60 странични ерупции и безброј ерупции од врвот. Речиси половина од нив се случиле од почетокот на 20-от век. Од 2000 година, Етна имала четири странични ерупции во 2001, 2002 и 2003 година, 2004-2005, и во 2008-2009. На врвот ерупции се случиле во 2006 година, 2007-2008 година, јануари–април 2012 година, и повторно во јули–октомври 2012. Првиот познат запис за ерупција на Етна е оној на Диодор Сицилиски. Во 396 п.н.е, ерупција на Етна, наводно ги оневозможила Картагинците во нивниот обид да ја нападнат Сиракуза во текот на Втората сицилијанската војна. Особено силна експлозивна плинска ерупција се случи во 122 п.не., и предизвикала тешки вулкански камења да паднат на југоисток, вклучувајќи го градот Катанија, каде многу куќи биле уништени. За да им се помогне во реконструкција по катастрофалните ефекти на ерупција, Римјаните го ослободиле населението на Катанија од плаќање на даноци за период од десет години. Римскиот поет Вергилиј опишал ерупција на Етна во неговата истоимена поема.Aeneid, edition of Theodore C. Williams, ca. 1908 [book III, lines 569–579] Во текот на првите 1500 години, многу ерупции останале незаведени (или евиденцијата се губи). Меѓу позначајните се: (1) ерупција околу 1030 година во близина на Монте Иличе на долната југоисточна страна, кога лавин проток патувал околу 10 километри, достигнувајќи до морето на север од Ачиреале. Селата Санта Текла и Стацо се изградени на широка делта формирана од страна на оваа лава која достигнала во морето; (2) ерупцијата околу 1160 (или 1224), од пукнатина на само 350-450 височина на југоисточната падина близу до селото Маскалучиа, чиј лавин проток достигнал до морето северно од Катанија. мини|Куќа уништена од лавата на Етна