Енциклопедија на Југославија () е националната енциклопедија на СФРЈ. Нејзин подготвувач и издавач е Југословенскиот лексикографски завод под раководство на истакнатиот хрватски книжевник и енциклопедист Мирослав Крлежа.
Томови Прво издание мини|десно|250п|Првото издание на Енциклопедијата на Југославија
Првото издание се состои од 8 тома, издадени во периодот од 1955 до 1971 г. Тиражот бил 30.000 примероци.
Написи Годинана издавање Бројна страници 1 А-Боск 1955 708 2 Босна-Дио 1956 716 3 Дип-Хиђ 1958 686 4 Хил-Југос 1960 651 5 Југос-Мак 1962 690 6 Макљ-Пут 1965 562 7 Р-Србија 1968 688 8 Србија-Ж 1971 654
Второ издание
Второто издание е започнато во 1980 г. но издадени се само 6 од планираните 12 тома поради распадот на СФРЈ.
Написи Годинана издавање Бројна страници 1 А-Биз 1980 767 2 Бје-Црн 1982 776 3 Црн-Ђ 1984 750 4 Е-Хрв 1986 748 5 Хрв-Јањ 1988 776 6 Јап-Кат 1990 731
Главното хрватско издание е преведено и на 5 други јазици:
Јазик Година напрвото издание Издаденитомови српскохрватски (кирилично) 1983 2 словенечки 1983 4 македонски 1983 2 албански 1984 2 унгарски 1985 1
Верзиите на македонски и албански биле првите енциклопедии издадени на тие јазици.
Наводи
Југославија Категорија:Југословенска култура Категорија:Енциклопедии на српски јазик Категорија:Енциклопедии на хрватски јазик Категорија:Енциклопедии на словенечки јазик Категорија:Енциклопедии на македонски јазик Категорија:Енциклопедии на унгарски јазик Категорија:Енциклопедии на албански јазик Категорија:Книги од 1955 година Категорија:Книги од 1988 година