Саме Лимани - Жарноски (1935 - 28 јануари 2007) — македонски поет.Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 140. Роден е во село Жировница, Реканско. Завршил учителска школа. Работел како наставник по македонски јазик во Жировница. Член на ДПМ од 1991 година.Утрински весник број 2296, 30 јануари 2007: Последен збор; Саме Лимани-Жарновски Добитник е на наградата за песна на манифестацијата „Празник на липите“.
Од неговото богато творештво особено се истакнува песната „Не викајте ме Торбеш“„Не викајте ме Торбеш“ – Саме Лимани - Жарноски .
Во негова чест е именувано природното ледничко Самево Езеро, кое што се наоѓа на планината Дешат над неговата родна Жировница.
Книжевно творештво Распукани бигори (1970) Искри во изгасната пепел (1971) Не грачи, тажна птицо (1973) Цибрини и солзи (1976) Долината на љуњите и љубовта (1981) Завеани врвици (1983)
Надворешни врски Саме Жарноски на најдобар начин го опиша македонскиот народ од реканскиот крај
Наводи
Категорија:Македонски писатели Категорија:Жировница Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Луѓе од Гостивар Категорија:Македонци муслимани