мини|280x280пкс Миодраг (Милошевиќ) Друговац (1928 - 1995) - поет, есеист, критичар, книжевен историчар, антологичар и преведувач, роден е во с. Друговац, Пожаревац, Србија на 12 октомври 1928 година, починал во Скопје на 9 октомври 1995 година.
Животопис
Доктор по филолошки науки. Работел како уредник на списанијата „Современост“ и „Литературен збор“, апотоа како редовен професор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј на Филолошкиот факултет Блаже Конески во Скопје.
Бил почесен член на Друштво на писатели на МакедонијаМакедонски писатели, ДПМ, Скопје, 2004..
Пишувал на српски и на македонски јазик, автор е на капитално дело „Историја на македонската книжевност во XX век“Современици.
Дела
Поредок на немирот (поезија, 1960); Подвижно огледало (критики и есеи, 1968); Биографија литерарија (критики и есеи, 1968); Влашка рапсодија (поезија, 1969); Современици (есеи, 1970); Книга за Јаневски (монографија, 1971); Книжевно Браничево (студија, 1972); Принцип и пример (есеи, 1972); Ристо Крле (монографија, 1974); Современа македонска книжевна критика (студија, 1974); Македонски писатели за деца (студии, 1975); Македонската книжевност од Мисирков до Рацин (студии, 1975); Повоената македонска книжевност (студии, 1979); Ријеч као судбина (есеи, 1979); Повоената македонска книжевност (студии, 1979); Современи македонски писатели (студии, 1979); За македонската книжевна критика (студија, 1980); Лирски мемоари (студија и поетски избор, 1982); Критиката на Митрев (студија, 1985); Поетиката на Гане Тодоровски (студија, 1988); Преглед на македонската книжевна критика (студии, 1988); Критички раскопки (студии, 1989); Кон македонската книжевна синтеза (студии, 1990); Историја на македонската книжевност 20. век (1990); Огледало и светилка (есеи и критики, 1991); Час по лектира (есеи и критики, 1991) Моделот и текстот(студии, 1994); Македонска книжевност за деца и младина (од Џинот до Рацин) (монографија, 1996) Трагачот, честакот и јатката (студија, 1997)
Награди
Награда 13 Ноември; Награда Димитар Митрев; Награда Кочо Рацин; Повелба на град Пожаревац, Србија, Награда на Културно-просветната заедница на Македонија.
Наводи
Категорија:Македонски писатели