Вера Чејковска (, - , ) — македонски поет, есеист, физичар, сеизмолог и раководител на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, член на Друштвото на писателите на Македонија, на Македонскиот П.Е.Н. центар (секретар од 2006 до 2008 година), како и на Друштвото на физичарите на Македонија.
Животопис Родена е на 16 октомври 1954 година во Скопје. Завршила Природно-математички факултет во Скопје. Последипломски студии по физика на внатрешноста на земјата завршила во Загреб. Работела во Сеизмолошката опсерваторија на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Таа станала член на ДПМ во 1987 година. Нејзините научни трудови (на македонски, српски, хрватски или англиски) вклучуваат монографии, статии и енциклопедиски одредници од сеизмологијата. Во домашни списанија, антологии и други изданија објавени се нејзини книжевни есеи и есеи на врската меѓу науката и уметноста, како и книжевни или научни преводи од англиски, руски, српски и бугарски јазик. Била уредник во неколку македонски книжевни списанија и научни изданија. Ги добила македонските поетски награди: „Млада Струга“ - 1976, „Кочо Рацин“ - 1992, „Ацо Шопов“ - 2007, „Браќа Миладиновци“ - 2014.
Починала во Скопје по тешко и долго беледување на 19 ноември 2018 година.IN MEMORIAM: Почина Писателката Вера Чејковска
Книжевно творештво на македонски јазик Човек и врата (Скопје: Сојуз на литературните дружини и клубови на младите од СР Македонија, едиција АЛФА, 1975); Множење на словото (Скопје: Наша книга, 1986); Опит (Скопје: Македонска книга, 1992); Отсуството на Благиот (Скопје: Македонска книга, 1993 7 избор); Рабови (Скопје: Матица македонска, 2007); Отсуството на Благиот II (Битола, Микена, 2008 7 избор, 78-ми том од проектот „Македонска книжевност“); Моите веди (Скопје: Дијалог, 2013).
на албански јазик Leximi i drité's (Читање на светлината; Скопје: Бата прес, 2000).
на англиски јазик The Absence of the Mild One (Отсуството на Благиот; Skopje: St. Clement of Ohrid, National and University Library, 2011 7 78-ми том од преведувачкиот проект “Macedonian Literature in English”).
Три нејзини кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 123-126.
Наводи
Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски поетеси Категорија:Македонски есеисти Категорија:Македонски сеизмолози Категорија:Македонски уредници Категорија:Југословенски поети Категорија:Југословенски есеисти Категорија:Југословенски сеизмолози Категорија:Југословенски уредници Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Членови на Друштвото на физичарите на Македонија Категорија:Членови на Македонскиот ПЕН центар Категорија:Добитници на наградата „Браќа Миладиновци“ Категорија:Добитници на наградата „Ацо Шопов“ Категорија:Апсолвенти на Природно-математичкиот факултет - Скопје Категорија:Магистри на Загрепскиот универзитет