Коце Солунски (, — , ) — македонски прозаист и поет.

Животопис Коце Солунски е роден на 30 март 1922 година во Прилеп. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Бил член на редакцијата на книжевното списание „Стремеж“ од Прилеп. Тој станал член на ДПМ во 1961 година.

Починал во мај 2007 година.

Награди Добитник е на наградите: „13 Ноември“, „1 Мај“, „4 Јули“.

Библиографија Трагите не се завеани (роман, 1960) Втората македонска (повест, 1963) Бунт и младост (портрети, 1965) Мирче Ацев (романизирана биографија, 1968) Божана (радио-драма, 1970) Факелот (драма, 1971) Кузман (романизирана биографија, 1973) Трагите се завеваат (роман, 1983) Бале (романизирана биографија, 1984) Трагите на Раде Металец (романизирана биографија, 1984) Михајло Апостолски (романизирана биографија, 1993) Искри (поезија, 1998), Незаборав (поезија, 1998)

Наводи

Категорија:Луѓе од Прилеп Категорија:Починати во Скопје Категорија:Македонски романописци Категорија:Југословенски писатели Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Добитници на наградата „13 Ноември“ Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје