Ташко Георгиевски ( — ) — македонски раскажувач, романописец и филмски сценарист од Кронцелево, Воденско, егејскиот дел на Македонија. Во современата македонска книжевност, тој внел изворни теми со изразита национална боја. Главна тема во неговите дела се трагичните прогонства и преселби на егејските Македонци, нивните несреќи и раселувањето по Граѓанската војна во Грција. Во 1983 година, тој станал дописен член на МАНУ, а во 1988 година станал редовен член.Ташко Георгиевски, Црвениот коњ. Скопје: Детска радост, 1993.
Животопис Георгиевски е роден на 15 март 1935 г. во селото Кронцелево, Воденско. Во 1946 година, заедно со семејството, пребегал во НР Македонија, најпрвин во селото Старавина (Мариово), потоа во прилепското село Долнени и во Гаково, Војводина. Средното училиште го завршил во Скопје, а потоа студирал југословенска книжевност на Филолошкиот факултет, но не ги завршил студиите, туку се оженил по што заминал на извршување на воената обврска. Имал три деца. Работел во редакцијата на весникот „Млад борец“ и во списанието „Современост“, а потоа како уредник во Македонската телевизија и во издавачките куќи „Мисла“ (во два наврати) и „Македонска книга“.Ташко Георгиевски, Црвениот коњ. Скопје: Детска радост, 1993. Починал на 13 април 2012 во Скопје, на возраст од 77 години.
Книжевно творештво Георгиевски дебитирал на книжевната сцена во 1952 година, кога го објавил својот прв расказ, а четири години подоцна ја објавил и првата книга. Тој е автор на следниве дела:Ташко Георгиевски, Црвениот коњ. Скопје: Детска радост, 1993.Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 58.Георги Сталев (приредувач), Современи македонски раскажувачи, избор. Скопје: Детска радост, Култура, Македонска книга, Мисла и Наша книга, 1990, стр. 146. „Ние зад насипот“ (раскази, 1956) „Луѓе и волци“ (роман, 1960) „Ѕидови“ (роман, 1962) „Суви ветрови“ (раскази, 1964) „Црно семе“ (роман, 1966) „Змиски ветар“ (роман, 1969) „Црвениот коњ“ (роман, 1975) „Куќа под калето“ (раскази, 1978) „Време на молчење“ (роман, 1978) „Рамна земја“ (роман, 1981) „Плоча на животот“ (автобиографски записи, 1987) „Кајмакчалан“ (роман, 1992) (филмски сценарија, 1997) „Исчезнување“ (роман, 1998)
Покрај тоа, тој е автор на три филмски сценарија („Црно семе“, „Црвениот коњ“ и „Жолтиот трендафил“), четири радио-драми („Огнови“, „Пепелта на моето огниште“ и „Борис Тушев“ и „Сандак со срцето на татко“) и две телевизиски драми („Недела“ и „Очите на синот“).Ташко Георгиевски, Црвениот коњ. Скопје: Детска радост, 1993.
За своите дела е добитник на наградите: „Кочо Рацин“, „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Стале Попов“ и „Рациново признание“.
Надворешни врски Четири децении од „Црно семе“
Наводи
Категорија:Луѓе од Кронцелево Категорија:Починати во Скопје Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски сценаристи Категорија:Македонски мемоаристи Категорија:Македонски романописци Категорија:Македонски академици Категорија:Македонски уредници Категорија:Југословенски писатели Категорија:Југословенски сценаристи Категорија:Југословенски академици Категорија:Југословенски уредници Категорија:Добитници на наградата „23 Октомври“ Категорија:Деца бегалци Категорија:Добитници на наградата „13 Ноември“ Категорија:Академици на МАНУ