Лидија Димковска — македонски поет, прозаист, есеист, теоретичар на книжевноста и преведувач.
Животопис
Лидија Димковска е родена во Скопје на 11 август 1971 година. Завршила Филолошки факултет во Скопје на групата Општа и компаративна книжевност, а докторирала на тема од романската книжевност на Филолошкиот факултет во Букурешт, Романија. Работела како предавач по македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Букурешт. Исто така, таа била уредник на одделот за поезија во електронското списание за култура и уметност „Блесок“. Таа станал член на ДПМ во 1995 година.
Награди и признанија
Лидија Димковска била добитник на наградата на „Студентски збор“ за најдобра дебитантска книга. Нејзиниот прв роман „Скриена камера“ ја добил наградата на ДПМ „Стале Попов“ за најдобар роман. Исто така, оваа награда ја добила и за својот роман „Резервен живот“, објавен во 2012 година од издавачката куќа „Или-или“.Роберт Алаѓозовски, „Светот нема ни глава, ни опашка“, Економија и бизнис, год. 16, бр. 179, мај 2013, стр. 74-75.
За романот „Резервен живот“, во 2013 година, Димковска ја добила и наградата за книжевност на Европската унија.Марина Лазаревска, „Димковска: ФИРОМ ме принуди да одржам политички говор“, Дневник, год. XVII, бр. 5328, петок, 29 ноември 2013, стр. 19. Во мај 2015 година, во рамките на пролетниот саем на книгата во Софија, бил претставен бугарскиот превод на романот „Резервен живот“, објавен од издавачката куќа „Колибри“ од Софија. Претходно, романот бил преведен и на унгарски и словенечки јазик.„Промовирано бугарското издание на „Резервен живот“ од Лидија Димковска“, Дневник, година XIX, број 5772, петок, 22 мај 2015, стр. 23.
Книжевно творештво Димковска се појавила на македонската книжевна сцена на почетокот од 1990-тите, кога доживела метеорски успех како поет. На почетокот, таа пишувала кратки, метафорични песни, а подоцна, започнала да пишува метонимски, долго и многузборни, наративно-лирични поеми. Најпосле, таа се испробала и во прозата, пишувајќи романи во стилот на постмодерните пишувачки техники.Роберт Алаѓозовски, „Светот нема ни глава, ни опашка“, Економија и бизнис, год. 16, бр. 179, мај 2013, стр. 74.
Нејзини поважни дела се: Рожби од исток (1992) Огнот на буквите (1994) Изгризани нокти (1998) Нобел против Нобел (2001) Скриена камера (роман) Резервен живот (роман, „Или-или“, 2012) Црно на бело (поезија, „Или-или“, 2016)„Промоција на новата книга на Лидија Димковска“, Дневник, година XX, број 5992, четврток, 18 февруари 2016, стр. 19. Но-Уи (роман, „Или-или“, 2016)Роберт Алаѓозовски, „Нелагодност во вдомувањето“, Економија и бизнис, година 18, број 220, октомври 2016, стр. 101-103.
Исто така, Димковска е составувач на антологијата „Дваесет млади македонски поети“ (2000).
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1971 година Категорија:Македонски поетеси Категорија:Македонски есеисти Категорија:Македонски прозаисти Категорија:Македонски романописци Категорија:Македонски книжевни теоретичари Категорија:Македонски преведувачи Категорија:Апсолвенти на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје Категорија:Добитници на наградата „Стале Попов“