Афроазиските јазици сочинуваат големо јазично семејство со околу 375 живи јазикаEthnologue family tree for Afroasiatic languages со над 350 милиони говорници во Северна Африка, Источна Африка и Југозападна Азија. Најмногу зборуван афроазиски јазик е арапскиот јазик со околу 230 милиони говорници.Languages of the World Покрај денешните живи јазици, во групата на афроазиски јазици спаѓаат и некои мртви јазици како на пример египетскиот јазик, библискиот хебрејски јазик и акадскиот јазик.
Поимот „афроазиски“ бил создаден од Морис Делафос. Сепак овој поим не се користел многу, сè додека не бил прифатен од Џозеф Гринберг со што се заменил стариот назив хамитско-семитски јазици.
Јазици и распространетост
Афроазиските јазици, во најголем дел од лингвистичката литература, се составени од следните јазични подгрупи:
берберски јазици чадски јазици кушитски јазици египетски јазик омотски јазици семитски јазици
Наводи
Поврзано Праафроазиски јазик Јазици во Африка Јазици во Азија
Надворешни врски Афроазиските јазици на Етнолог Афроазиско јазично стебло Афроазиско и семитско јазично стебло Предлозите за квалификација на Орел, Столбова и Ехрет "Дали омотските се афроазиски?" од Ролф Теил (2006) Северноамериканска конференција за афроазиска лингвистика
*