Јоргос Караџаферис (грчки: Γεώργιος Καρατζαφέρης; година во ) е грчки политичар, член на Грчкиот парламент и претседател на десничарскиот Народен православен собир или ЛАОС.
Претходно, Караџаферис, бил пратеник но од либерално-конзервативната партија Нова демократија, од која тој бил протеран во 2000 година поради неговите екстремни и често расистички ставови. Тој е поранешен член на Европскиот парламент и поранешен потпретседател на европската парламентарна група Независност. Неговите ставови и ставовите на неговата партија, изборните кампањи, често се емитуваат и промовираат од страна на релативно малиот приватен грчки телевизиски канал TeleAsty (поранешен Telecity), кој го основал и го поседува.
Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од ЛАОС Категорија:Политичари од Нова демократија (Грција) Категорија:Грчки новинари Категорија:Членови на Грчкиот парламент (1993-1996) Категорија:Членови на Грчкиот парламент (1996-2000) Категорија:Членови на Грчкиот парламент (2000-2004) Категорија:Членови на Грчкиот парламент (2004-2007) Категорија:Членови на Грчкиот парламент (2007-2009)