Каролос Папуљас (грчки: Κάρολος Παπούλιας; роден на во Јанина - 26 декември 2021 година) е грчки политичар и моментален претседател на Грција. Претходно, Папуљас бил Министер за надворешни работи на Република Грција.

Папуљас е роден во градот Јанина. Тој е син на генералот Григорис Папуљас. Папуљас студирал на правниот факултет во Атина, како и на Миланскиот универзитет. Тој поседува диплома по меѓународно право од универзитетот во Келн.

Како поранешен шампион во атлетика и одбојка, тој бил претседател на спортскиот сојуз на Грција во продолжение на 25 години. Тој бил еден од основачите на ПАСОК и близок соработник со Андреас Папандреу.

Извршувал неколку државни функции, и тоа:

Заменик-министер за надворешни работи (1981 - 1984) Министер за надворешни работи (1985 - 1989) Заменик-министер за одбрана (1989 - 1990) Министер за надворешни работи (1993 - 1996)

Во текот на декември 2004 година, тогашниот премиер Костас Караманлис и претседателот на опозициската партиа ПАСОК, Јоргос Папандреу, го номинирале Папуљас за претседате на Грција. Така, со голема поддршка од страна на парламентот, тој на 8 февруари 2005 година бил избран за претседател, заменувајќи го Костис Стефанопулос.

Категорија:Починати во 2021 година Категорија:Претседатели на Грција Категорија:Политичари од ПАСОК Категорија:Министри за надворешни работи на Грција Категорија:Членови на Грчкиот парламент (1977-1981) Категорија:Членови на Грчкиот парламент (1981-1985) Категорија:Членови на Грчкиот парламент (1985-1989) Категорија:Членови на Грчкиот парламент (1989-1990) Категорија:Членови на Грчкиот парламент (1990-1993) Категорија:Членови на Грчкиот парламент (1993-1996) Категорија:Членови на Грчкиот парламент (1996-2000) Категорија:Членови на Грчкиот парламент (2000-2004) Категорија:Спортисти-политичари