Лоар и Шер (фр. Loir-et-Cher) е департман во северниот дел на средна Франција, наречен по реките Лоар и Шер.

Историја Лоар и Шер е еден од првобитните 83 департмани создадени за време на Француската револуција на 4 март 1790 г. Составен е од делови од некогашните покраини Орлеане и Турен.

Географија Департманот е дел од денешниот регион Центар-Долина на Лоара. Се граничи со департманите Ер и Лоар на север, Лоаре на североисток, Шер на југоисток, Ендр на југ, Ендр и Лоара на југозапад и Сарта на запад.

Зафаќа површина од 6.314 км2, со што е 31-во место во земјата. Низ него тече реката Лоара, овозможувајќи добра поврзаност помеѓу административниот центар Блоа и културно-стопанскиот центар Тур на запад и пограничниот дел на сенско-парискиот басен кај Орлеан на исток.

Поважни реки во департманот се Лоара, Лоар и Шер.

Знаменитости мини|лево|Кралскиот замок Шамбор Лоар и Шер има разни замоци од историско значење, од кои попознати се: Блоа Шамбор Шомон Шеверни

Поврзано Општини во Лоар и Шер Окрузи во Лоар и Шер

Надворешни врски Страница на префектурата Страница на Генералнот совет

Категорија:Департмани во Центар-Долина на Лоара Категорија:Држави и територии настанати во 1790 година