мини|десно|300п|Јужната полутопка на карта на светот, обележана со жолто (Антарктикот не е прикажан). мини|десно|Јужна полутопка од гледиште над Јужниот Пол.
Јужната полутопка (или Јужна хемисфера ) е половината од планетата Земја која се наоѓа јужно од екваторот.
На неа целосно или делумно се сместени четири континенти (Антарктик, Австралија, највеќето делови од Јужна Америка и јужната половина на Африка), четири океани (Атлантскиот, Индискиот, Тихиот, и Јужниот) и речиси сета Океанија. Летото трае од декември до март, а зимата од јуни до септември. Пролетната рамноденица се јавува на 22 или 23 септември, а есенската рамноденица е на 20 или 21 март.
Географија Климата на јужната полутопка е нешто потопла од климата на северната (освен Антарктикот кој е постуден од Арктикот). Причина за ова е фактот што оваа полутопка има многу повеќе вода од северната. Јужната полутопка исто така е многу помалку загадена поради помалата густина на населеност (10-12% од светското население), помалку индустријализација и помали копнени пространства. Покрај ова, воздушните струења се движат во правец запад–исток, така што загадувањето потешко патува на север или југ. На јужната полутопка сонцето минува од исток на запад преку северот. Како што минува сонцето, сенките се движат налево, ураганите и тропските бури се вртат надесно (што е обратно на северната полутопка) поради Кориолисовиот ефект.
Речиси сиот јужен умерени климатски појаси е океански. Во појасот е сместен цел Уругвај, Лесото, Свазиленд и Нов Зеланд најголемиот дел од Чиле, Аргентина, ЈАР и Австралија, како и делови од Парагвај, Бразил, Намибија, Боцвана, Мозамбик и Мадагаскар.
Јужниот Пол е свртен кон средиштето на галаксијата и затоа небото над оваа полутопка е попогодно за набљудување на ѕвездите.
Шумите на ова полутопка се одликуваат со посеебни одлики што ги разликуваат од оние на северната. На пример, Чиле и Нов Зеланд имаат уникатни видови на јужни буки (Nothofagus). Евкалиптусот е автохтоно австралиско дрво, но во поново време се одгледува и во јужна Африка и Латинска Америка за добивање целулозна маса и биогорива.
Список на континенти и земји Континенти мини|десно|Позната слика на Земјата напарвена од мисијата „Аполо 17“ мини|десно|Постер со легендата „Ушуаја, крај на светот“. Ушуаја во Аргентина е најјужниот град во светот. Антарктик Африка (околу 1/3 - од пределите јужно од градот Либрвил во Габон на запад до пределите јужно од Сомалија на исток) Австралија (сето копно, освен најсеверниот дел на архипелагот Раџа Ампат во Нова Гвинеја, кој ѝ припаѓа на северната полутопка) Јужна Америка (главно јужно од устието на реката Амазон на исток и градот Кито на запад)
Африкански земји Целосно Ангола Боцвана Бурунди Замбија Зимбабве ЈАР Комори Лесото Мадагаскар Малави Маврициус Мозамбик Намибија Руанда Свазиленд Сејшели Танзанија Претежно Габон ДР Конго Конго Делумно Екваторска Гвинеја Кенија Саун Томе и Принсип Сомалија Уганда
Азиски земји
Целосно Источен Тимор Претежно Индонезија
Океански земји
Целосно Австралија Вануату Науру Нов Зеланд Папуа Нова Гвинеја Самоа Соломонски Острови Тонга Тувалу Фиџи Претежно Кирибати
Јужноамерикански земји
Целосно Аргентина Боливија Парагвај Перу Уругвај Чиле Претежно Бразил Еквадор Делумно Колумбија
Поврзано Јужен Повратник Јужен Крст Јужна небесна полутопка
Наводи
Категорија:Земјини полутопки
he:המיספירה#חצי הכדור הדרומי