Коле Манев (Бапчор, Костурско, егејскиот дел на Македонија, - Скопје, ) — познат македонски сликар и филмски работник од областа на документаристиката, каде снимал филмови за Вардар филм и МРТ 1.
Животопис
Манев е роден на 11 ноември 1941 година во Бапчор, Егејска Македонија. Училиште за применета уметност завршил во Скопје. Во 1960 година завршил прв степен на Ликовната академија во Белград, а потоа заминал на студиски престој во Париз. Оттаму заминал за Прага, каде што посетувал предавања за анимиран филм. Манев своите дела до денес ги изложил на повеќе самостојни и групни изложби во Македонија, во Франција, како и во земјите од Балканот. Добитник бил на голем број меѓународни награди и признанија за филм и за сликарство.
Тој има снимено и два играни филмови, по негово сценарио и режија Мост (2006) и Еко Скоп (2022).
Манев бил соработник и колумнист долги години на „Нова Македонија“. Одреден период соработувал и со порталот „Денешен весник“.
Наводи
Надворешни врски Коле Манев: Од Бапчор до Орадеа - од колумната на Нова Македонија Изложбата во Воден на бегалецот од Бапчор - од колумната на Нова Македонија
Категорија:Македонски сликари Категорија:Македонски режисери Категорија:Македонски сценаристи Категорија:Македонски колумнисти Категорија:Луѓе од Бапчор Категорија:Деца бегалци Категорија:Добитници на наградата „23 Октомври“