Јоргос Карагунис (грчки: Γιώργος Καραγκούνης; роден на во ) — поранешен грчки фудбалер, играч од средниот ред.
Клупска кариера Кариерата ја започнал во Панатинаикос, но во 1996 бил позајмен на две години на Аполон Смирни. Во 1998 се вратил во Панатинаикос и бил дел од првиот тим во следните пет сезони. Во сезоната 2000-2001 остигнал незаборавен погодок против Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд.
Во летото 2003 се преселил во италијанскиот Шинтер, со кој триумфирал во Купот на Италија во 2005, со победа во финалето над Рома.
По завршувањето на сезоната 2004-2005 го напуштил клубот и потпишал за Бенфика, каде дури во неговата втора сезона го покажал целиот свој раскошен талент и квалитет, под водство на тренерот Фернандо Сантош кои го познавал Карагунис од претходно уште од времето кога го тренирал во Панатинаикос. Иако имал добра втора сезона клубот не освоил ништо и во летото 2007 Карагунис се вратил во Панатинаикос. Во септември 2009 потпишал нов договор со клубот во трајност до 2012 година, кој се очекувало да биде неговиот последен договор во фудбалот. Како капитен на екипата му помогнал на Панатинаикос да го освои првенството и Куп на Грција.
По истекот на договорот со Панатинаикос заминал во привремена пензија пред да му биде понуден договор од Фулам за да игра во Англиската Премиер лига. На 11 септември потпишал едно-годишен договор со котиџерс. Иако по завршувањето на сезоната на Карагунис не му бил понуден нов договор за продолжување на соработката со Фулам, сепак тоа се случило некаде во срединатана летото и тој останал во клубот за уште една сезона. По завршувањето на сезоната 2013-2014, по која Фулам испаднал од Премиер лигата Карагунис бил еден од деветте играчи на Фулам кој биле отпуштени од клубот, така што не им бил понуден нов договор.
Репрезентација thumb|left|175px|Карагунис со капитенската лента во дресот на грчката репрезентација во 2010 Карагунис бил капитен на Грчката репрезентација под 21 година на ЕП 1998, со која стигнал до финалето каде загубиле од Шпанија со 1-0. За сениорската репрезентација дебитирал во 1999 година против Салвадор.
Врвот на неговата репрезентативна кариера било освојувањето на Европското првенство 2004; био еден од клучните играчи, го постигнал првиот гол на турнирот против Португалија во победата со 2-1. Подоцна Карагунис учествувал и на Купот на конфедерации 2005, и Европското првенство 2008. Во подоцнежните денови од кариерата како капитен го предводел грчкиот состав на Светското првенство 2010, каде Грција била елиминирана уште во групната фаза од турнирот.
Свој 100-ти натпревар за репрезентацијата го одиграл на 8 октомври 2010 против Латвија.
Иако во доцни играчки години настапил со репрезентацијата и на Европското првенство 2012 и Светското првенство 2014 и на двете бил еден од најдобрите во својата репрезентација придонесувајќи многу за пласманот во нокаут фазата.
Својот последен официјален натпревар во кариерата го одиграл токму во националниот дрес во елиминиацијата на пенали од Костарика во осминафиналето на Светското првенство 2014.
Титули Клупски Интер Куп на Италија (1) : 2004–2005
Панатинаикос Грчка Супер лига (1) : 2009–2010 Куп на Грција (1) : 2009–2010
Репрезентација Сениорска репрезентација на Грција Европско првенство (1) : 2004
Грција под 21 година Европско првенство за играчи под 21 година : Вицешампион 1998
Наводи
Надворешни врски
Официјално мрежно место Јоргос Карагунис на transfermarkt Јоргос Карагунис на soccerway Јоргос Карагунис на espn Јоргос Карагунис на whoscored
Категорија:Живи луѓе Категорија:Грчки фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Панатинаикос Категорија:Фудбалери на ФК Интер Категорија:Фудбалери на ФК Бенфика Категорија:Фудбалери на ФК Фулам Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2010 Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери од Премиер Лига