Центар-Долина на Лоара (), порано само Центар (Centre) — еден од 26-те региони во Франција, сместен северозападно од вистинскиот центар на земјата, околу Долината на Лоара. Главен град е Орлеан, а најголем е Тур.

Знаменитости Најголема знаменитост во регионот е Долината на Лоара. Карактеристични за ова подрачје се плодните долини долж реката Лоара и нејзините притоки: Шер, Енр, Лоаре. Тука се наоѓаат прочуените замоци на Лоара, кои привлекуваат голем број туристи во регионот.

Назив и промена До промената во 3015 г., името на регионот било чисто географско и нема друго значење. Ова се должи на фактот што регионот е составен од преголем број на историски покраини за да има едно име. Меѓутоа, регионот не е географски центар на Франција. Оттука, многумина сметале дека ова име е неточно, но и премногу безлично.

На 17 јануари 2015 г. регионот е преименуван во Центар-Долина на Лоара, за да се одрази фактот што во него се наоѓа ова познато културно-историско поречие.

Поголеми градови Блоа Бурж Вјерзон Дре Жуе-ле-Тур Орлеан Тур Флери-ле-Обре Шартр Шатору

Поврзано Сен Беноа ди Со

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница на регионот Центар

Регионот Центар во Франција - преглед на регионот и поважните туристички атракции

Категорија:Региони во Франција