Михаил Михаjлович Бахтин (; , Орел – ) — руски филозоф, книжевен критичар, семиотичар и академик кој работел во областа на книжевната теорија, етика и филозофијата на јазикот според приодот на рускиот формализам. Неговите дела, кои опфаќаат широк спектар теми, инспирирале научници од голем број различни традиции (марксизам, семиотика, структурализам, религиозна критика) и во различни дисциплини, како што се книжевната критика, историјата, филозофијата, антропологијата и психологијата. Иако Бахтин бил активен во естетските и книжевните дебати кои се одвивале во Советскиот Сојуз во 1920-тите, неговата посебна позиција не била позната сè додека не бил повторно откриен од руските научници во 1960-тите. Преводот на неговите дела на голем број јазици во 1960-тите, 70-тите и 80-тите години го направи една од највлијателните фигури во хуманистичките науки. Вовед Бахтин имал тежок живот и кариера и многу малку од неговите дела биле објавени во авторитативна форма за време на неговиот живот. Како резултат на тоа, постојат значителни несогласувања околу прашањата кои се земаат здраво за готово: во која дисциплина тој работел (дали бил филозоф или книжевен критичар?), како да се периодизира неговата работа, па дури и кои текстови ги напишал. Тој е најдобро познат по влијателни концепти , кои биле користени и приспособени во голем број дисциплини: дијаголизам,карневал,хронотроп, разноречие (хетероглосија) и „егзотопија“. Заедно овие концепти даваат една посебна филозофија на јазикот и културата, во кои централно е тврдењето дека сите дискурси во суштина се дијалошка размена и дека ова ги одликува сите јазици со одредена етичка или етичко-политичка сила.

Како книжевен теоретичар, Бахтин е поврзан со руските формалисти и неговата дејност е често споредувана со онаа на Јури Лотман; во 1963, Роман Јакобсон го спомнува како еден од ретките интелигентни критичари на формализмот. Во текот на 1920-тите, неговата работа се фокусирала на етиката и естетиката. Делата како “Кон филозофијата на делото” и “Авторот и херојот во естетска активност” се под влијание на филозофските трендови на тоа време – особено неокантијанството на Марбуршката школа на Херман Коен, вклучувајќи ги Ернст Касиер, Макс Шелер и Николај Хартман. Бахтин бил откриен од некои научници во 1963, но по неговата смрт во 1975 авторите како Јулија Крстева и Цветан Тодоров го свртеле вниманието на светот кон Бахтин. Во доцните 1980-ти, работата на Бахтин доживеала голема популарност на Запад и тој продолжува и денес да се смета за еден од најважните теоретичари на литературата и културата.

Основните дела на Бахтин ги вклучуваат „Кон филозофијата на делото” ,незафвршен дел од филозофски есеј „Проблеми на уметноста на Достоевски”, на кои Бахтин подоцна додаде дел од концептот на карневал и ги објави како „Проблеми на поетиката на Достоевски”; „Рабеле и Неговиот свет” ја истражува отвореноста на Рабелистичкиот роман; „Дијалошката имагинација”, каде сите четири есеи што го сочинуваат делото ги претставуваат концептите на дијаголизам, хетероглосија и хронотоп; и “Говорни жанрови и други доцни есеи”,збирка есеи во кои Бахтин се интересира за методот и културата.

Во 1920-тите постоела “школата Бахтин” во Русија, која била во согласност со дискурзивната анализа на Фердинанд де Сосир и Роман Јакобсон. Животопис Бахтин е роден во Орел, Русија, надвор од Москва, во старо благородничко семејство. Неговиот татко бил управник на банка и работел во повеќе градови. Поради овие причини Бахтин го поминал своето рано детство во Орел, Вилнус и Одеса, каде во 1913 наводно се запишал на историскиот и филолошкиот факултет во локалниот универзитет. Катерина Кларк и Мајкл Холквист пишуваат: „Одеса..., како Вилнус, била соодветна околина за дел од животот на човек кој подоцна ќе стане филозоф на хетероглосијата и карневалот. Истата смисла на забава и непочитување која го создала Бабеловиот рабелистички гангстер, или триковите и измамите на Остап Бендер, или пикарото создадено од Иљф и Петров-остави белег на Бахтин. Подоцна се префрла на Петербуршкиот универзитет да му се приклучи на својот брат Николај. Таму Бахтин бил под големо влијание на Ф.Ф. Зелински,чии дела ги содржат почетоците на концептите на Бахтин.

Бахтин ги завршил студиите во 1918 година и се доселил во мал град во западна Русија, Невел, каде две години работел како учител.Тоа било времето кога се формирал првиот „Бахтинов круг”. Група составена од интелектуалци со различни интереси, но сите ја делеле љубовта кон дискусијата за литературни, религиозни и политички теми. Вклучен во оваа група бил и Валентин Волошинов, а подоцна и П.Н. Медведев. Германската филозофија била најчеста тема на разговор и од овој момент Бахтин се сметал себеси повеќе за филозоф отколку за книжевен научник.Во Невел, Бахтин исто така неуморно работел на големо дело во врска со моралната филозофија,кое никогаш не била објавена во целост.Сепак, во 1919 г., краток дел од ова дело било објавено под наслов „Уметност и Оодговорност“. Ова било прво објавување на дело на Бахтин. Бахтин се преселил во Витебск во 1920 година. Во Витебск, во 1921 г., Бахтин се оженил со Елена Александровна Олокович. Подоцна, во 1923 г. на Бахтин му бил дијагностицирано остеомилитис, коскена болест која на крајот довела до ампутација на неговата нога во 1938 г. Оваа болест ја попречила неговата продуктивност и го направила инвалидизиран.

Во 1924 г. Бахтин се преселил во Ленинград, се вработува во Историскиот институт каде што давал консултации за државната издавачка куќа. Во тоа време, Бахтин се одлучил да го сподели неговото дело со јавноста, но пред „Прашањето на методологијата на естетиката во пишаните делa” да биде објавено, списанието во кое требало да биде објавено престанало да излегува. На крајот ова дело било објавено по 51 година. Прогонот и преместувањето на неговите ракописи било нешто што го гонело Бахтин во неговата кариера. Првото големо дело на Бахтин било објавено во 1929 година, под наслов „Проблеми на уметноста на Достоевски”. Во ова дело Бахтин го воведува концептот на дијаголизам. Сепак, по објавувањето на оваа револуционерна книга, Бахтин бил обвинет за учество во подземното движење на Руската православна црква. Поради ова, за време на многуте чистки на уметници и писатели, кои Сталин ги спровел во почетокот на неговото владеење, Бахтин бил осуден на прогонство во Сибир, но побарал помилување врз основа на тоа дека во својата ослабната состојба, тоа би го убило. Наместо тоа, тој бил осуден на шест години внатрешен егзил во Казахстан.

Бахтин ги потрошил овие шест години како библиотекар во Кустанај, каде што напишал неколку главни есеи, вклучувајќи го и „Дискурсот на романот”. Во 1936 г. тој предавал на Мордовиниот педагошки институт во Саранск. Како повлечена фигура во провинцијален колеџ, тој се одделил од општеството и предавал само повремено. Во 1937 г. Бахтин се сели во Кимри, град кој е сместен на неколку стотина километри од Москва. Овде, Бахтин ја завршил книгата за германскиот роман на 18 век, која била прифатена од издавачката куќа „Советски писател”. Но, единствената копија од ракописот исчезнала за време на инвазијата од Германија.

По ампутацијата на ногата во 1938 г., здравјето на Бахтин се подобрило , а со тоа и неговата продуктивност. Во 1940 г. па сè до крајот на Втората светска војна, Бахтин живеел во Москва, каде што ја поднесува дисертација Рабеле на Горки институтот за светска литература за да добие докторска титула, дисертација, која Бахтин не можел да ја одбрани сè до крајот на војната. Во 1946 г. и 1949 г. одбраната на оваа дисертација ги поделила научниците на Москва во две групи: оние официјални противници кои ја сочинувале одбраната, кои го прифатиле оригиналниот и необичен ракопис, и оние други професори кои биле против прифаќање на ракописот. Анархистичката тема на книгата била причината за многу аргументи кои прекинале по интервенцијата на владата. Докторатот на Бахтин бил одбиен и му била доделена помала титула. Подоцна, Бахтин бил повикан назад во Саранск, каде што ја презел позицијата на претседател на Општа книжевност во Мордовинскиот педагошки институт. Во 1957 г. институтот се менува од колеџ во универзитет и Бахтин станал шеф на катедра на руската и светската литература. Во 1961 г. здравјето на Бахтин почнало да опаѓа и тој принудно се пензионирал и во 1969 г. во потрага на медицинска грижа, Бахтин се преселил во Москва каде живеел сè до својата смрт во 1975 г.

Делата и идеите на Бахтин станале популарни по неговата смрт и тој поминал низ тешки услови во поголемиот дел од неговиот професионален живот, време во кое информацијата се гледала како опасна и затоа често била скриена. Затоа, податоците кои се сега дадени не се потврдно точни. Исто така, како додаток на непрецизноста на податоците, е и ограничениот пристап до руската архива за информации додека Бахтин бил жив. Откако архивите станале јавни, научниците сфатиле дека многу од тоа што тие мислеле дека го знаат за Бахтин било лажно или изопачено. Дела и идеи “Кон филозофијата на делото” “Кон филозофијата на делото” за првпат е објавено во Русија во 1986 година. Ракописот, напишан помеѓу 1919-1921 е пронајден во лоша состојба со страници кои недостасувале и делови од текстот кои биле неразбирливи. Поради оваа причина овој филозофски есеј денес изгледа како дел од незавршено дело.“Кон филозофијата на делото” содржи само вовед, од кој некои од првите страници недостасуваат. Сепак, намерите на Бахтин за текстот не биле целосно изгубени бидејќи тој дал преглед на делото во воведот во кој вели дека есејот се состои од четири дела. Првиот дел од текстот се занимава со анализа на извршените акти или дела кои го сочинуваат вистинскиот свет. За трите последователни и незавршени делови од “Кон филозофијата на делото” Бахтин ги наведува темите за кои планира да дискутира. Тој истакнува дека вториот дел ќе се занимава со естетската активност и етиката на уметничкото творештво; третиот со етиката на политиката; и четвртиот со религијата. “Кон филозофијата на делото” открива млад Бахтин кој е во процес на развивање на неговата морална филозофија со децентрализирање на делата на Кант. Овој текст е еден од раните дела на Бахтин кои се занимава со етика и естетика и овде Бахтин изложува три тврдења во врска со признавање на уникатноста на човековото учествување во Битието: Јас учествувам во Битието и активно и пасивно. Мојата уникатност е дадена, но таа истовремено постои само до степен на кој јас ја актуализирам оваа уникатност (со други зборови, тоа е изведениот чин и дело кои допрва треба да се постигнат). Бидејќи јас сум вистински и незаменлив јас морам да ја актуализирам мојата уникатност. Бахтин понатаму тврди: “Мојата уникатна мисла произлегува од моето уникатно место во Битието“. Бахтин се занимава со концептот на моралот каде тој ги атрибутира преовладувачките легални поими на моралот во човечки морални дела. Според Бахтин, не може да се задржи неутралноста кон моралните и етнички барања кои се манифестираат себеси како нечиј глас на свеста. Овде Бахтин, исто така, воведува архитектонски модел на човечката психа која се состои од три компоненти: “Јас за себеси”, “Јас за другиот", “Другиот за мене". “Јас за себеси” е недоверлив извор на идентитет и Бахтин тврди дека преку “Јас за другиот се развива чувството за идентитет кај човекот бидејќи тоа служи како соединување на начинот на кои другите ме гледаат мене. Спротивно на тоа, “Другиот за мене“ го опишува начинот на кои другите ги приклучуваат моите перцепции за нив во нивните идентитети. Идентитетот, како што вели Бахтин, не припаѓа само на поединецот, туку го делат сите. “Проблеми на уметноста на Достоевски”: полифонија и недовршеност Додека е во Ленинград, Бахтин го префрла неговиот фокус од филозофската карактеристичност во неговите рани дела кон поимот на дијалогизам. Токму овде тој се зафаќа со делото на Достоевски. “Проблеми на уметноста на Достоевски” се смета за главно дело на Бахтин и овде Бахтин ги претставува трите значајни концепти.