Благој Истатов (роден на година во Струмица - година во ) — македонски поранешен фудбалер, кој играл на позицијата голман. мини|thumb|Спомен седница во чест на Благој Истатов.
Фудбалска кариера
Благој Истатов е роден на година во Струмица. Како мал се занимавал со борење, за да во 1963 година започне да настапува за ФК Беласица. Својата играчка фудбалска кариера ја завршил во 1983 година, а како проштален натпревар му бил против ФК Партизан на стадионот Младост во Струмица.
За ФК Беласица настапувал до 1968 година, кога потпишал за ФК Победа од Прилеп, и за која екипа имал одиграно 31 натпревар. Во 1973 година потпишал за белградски ФК Партизан, за која екипа имал одиграно 44 натпревари, и со оваа екипа го има освоено првото место во сезоната 1975-1976 година во Југословенската прва фудбалска лига. Од 1976 до 1978 година настапувал за ФК Утрехт.Во летото 1978 пак се враќа во Беласица и брани за Беласица, во следните 5 години и бо тој период брани на 72 натпревари. Во сезоната 1982/83 е во улога на играч/тренер и во оваа сезона, Беласица ја освојува титулата во Прва македонска лига.
Истатов има настапувано и за Фудбалската репрезентација на Југославија.
Тренерска кариера
Кариерата ја завршил во ФК Беласица, по кое станал и нејзин тренер, време кога ФК Беласица доживеала голем успех во тогашната Втора југословенска фудбалска лига. Во следните години, Благој Истатов тренер и на ФК Малеш, ФК Дојранско Езеро, ФК Скопје. Освен тоа бил и тренер и на голманите на Фудбалската репрезентација на Македонија, како дел од стручниот штаб на македонската репрезентација, член на УО на ФФМ.
Приватен живот
Во последните години од животот Истатов живеел и работел во Дојран, каде основал фудбалска школа во Дојран, а во 2010 година истото го направил и во Струмица (Градско Балдовци). Школата на Истатов е под патронат на Партизан и има потпишано долгогодишен договор за соработка во месец август 2010 годинаwww.strumica.gov.mk. Како стопанственик го поседувал и Хотел „Истатов“ во Нов Дојран.
Истатов починал на 27 септември 2018 година.
Наводи
Категорија:Фудбалери од Струмица Категорија:Фудбалери на ФК Беласица (Струмица) Категорија:Фудбалери на ФК Партизан Категорија:Фудбалери на ФК Утрехт Категорија:Фудбалери на ФК Дојранско Езеро Категорија:Тренери на ФК Беласица (Струмица) Категорија:Фудбалски голмани Категорија:Југословенски фудбалери