Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Леуново — православна црква во мавровското село Леуново, западна Македонија. Црквата е сместена на влезот на селото, покрај патот кој го обиколува Мавровското Езеро.

До црковната зграда во висина од 20 метри е камбанаријата, а самата црква е оградена со ѕид.

Историја

Според одредени мислења црквата потекнува од пред век, но точниот датум не се знае.

Во црквата постои Леуновско евангелие кое според водените знаци потекнува од 1537 година.

Сепак, за денешната црква се знае дека е изградена во 1840 година. На црквата работеле претставници на дебарскиот резбарски род Филиповци.

Жителите инвестирале многу во иконостасот и олтарот. Фреските и длаборезот се изработени од Леуновчани. Во Леуново уште од век се јавиле првите зографи. Во поново време леуновчани се грижат и вложуваат труд и средства за одржување на храмот.

Најголемата прослава на црквата се одржува секоја година на денот на Успението на Богородица, која се слави и како селска слава на Леуново.

Галерија

Поврзано Гостиварско архијерејско намесништво Мавровска парохија Леуново Наводи

Надворешни врски

Категорија:Леуново Леуново Категорија:Дела на Дебарската школа