thumb|Медуза Медуза (грчки: Μέδουσα) била една од трите горгони во старогрчката митологија, ќерка на Форкис и Кето. Таа била чудовиште со женско лице, и наместо коса на својата глава имала змии.Аполодор, Митолошка библиотека II 3, 2; 4, 2-3; 5, 12; III 10, 3 Медуза и нејзините сестри имале способност со својот поглед суштеството да го претвораат во камен. Се сметало дека таа била најстрашна од сите горгони и единствената смртница.
Медуза била убиена од Персеј, а од нејзината крв се родил Пегаз. Дури и по смртта, таа била опасна, зашто нејзината отсечена глава можела да го претвори во камен секој што ќе ја погледнал.Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 54.
Медуза како мотив во уметноста и во популарната култура „Медуза Ронданини“ (Medusa Rondanini) — доцнохеленистичка или римска скулптура. „Медуза“ — мермерна скулптура на италијанскиот вајар Џан Лоренцо Бернини од околу 1638-1648 година. „Медуза“ — две слики на италијанскиот сликар Леонардо да Винчи кои не се сочувани. „Медуза со главата на Персеј“ — скулптура на италијанскиот сликар Лучано Гарбати (Luciano Garbati) од 2008 година. „Медуза“ (француски: La Méduse) — слика на руско-германскиот сликар Алексеј фон Јавленски од 1923 година. „Медуза“ (италијански: Testa di Medusa) — слика на италијанскиот сликар Караваџо од 1597 година. „Медуза“ — слика на фламанскиот сликар Петер Паул Рубенс од околу 1618 година. „Персеј со главата на Медуза“ — бронзена скулптура на италијанскиот вајар Бенвенуто Челини (Benvenuto Cellini) од околу 1545-1554 година. „Медуза“ (англиски: Medusa) — песна на американската хеви-метал група Антракс (Anthrax) од 1985 година.YouTube, ANTHRAX - Spreading The Disease [Full Album] HQ (пристапено на 22.12.2016)
Наводи
Категорија:Старогрчка митологија Категорија:Старогрчки митски суштества