Јован Атанацковиќ бил српски генерал, еден од основачите на Српскиот комитет на четничката акција и воен министер Пешић, Миодраг Д. Стари четници. Крагуевац: Нови Погледи, 2000.
Животопис
Тој е роден во Неготин, на тромеѓата меѓу Србија, Бугарија и Романија. Во родното место го завршил основното училиште, а во 1865 година се запишал при Воената академија во Белград. По завршувањето на академијата минал низ бројни гарнизони низ Србија постојано напредувајќи во кариерата, а во 1879 година станал кралски офицер ордонанас. Во 1900 година станал воен министер.
Го прифатил повикот на Милорад Гоќевац и учествувал во формирањето на Српскиот комитет на четничката акција и во него извршувал највисоки функции. Тој најверојатно бил врската меѓу српската влада и Комитетот.
Ја преживеал Првата светска војна и остварувањето на неговата замисла, припојување на Вардарска Македонија кон Србија, односно кон Кралство на Србите, Хрватите и Словенците.
Извори
Категорија:Основачи на СЧД