Слободан Чашуле ( во Скопје — во ) — македонски новинар, политичар, министер за надворешни работи на Македонија во периодот 2001 — 2002 година.

Животопис

Чашуле е роден во Скопје на 27 септември 1945 година. Тој е син на познатиот македонски писател Коле Чашуле. Во 1972 година, Чашуле го завршил своето образование на Папскиот католички универзитет во Лима, Перу.

Кариера

1965 — 1967 — новинар и основател на ТВ Скопје. 1967 — 1974 — дописник на ТВ Скопје во Чиле и Перу. 1974 — 1980 — дописник за ТАНЈУГ во Латинска Америка и Карибите. 1980 — 1990 — главен уредник на ТАНЈУГ во Македонија. 1990 — 1994 — директор и главен уредник на македонското радио. јануари — април 1999 — Генерален директор на „Нова Македонија“ - Скопје.

На 30 ноември 2001, Чашуле станал Министер за надворешни работи на Македонија, четврти по ред во владата на Љубчо Георгиевски. Во 2002 година избран е за пратеник во Македонското Собрание, од страна на ВМРО - Народна партија.

Ззборува англиски, шпански, португалски, француски и италијански. Починал на 17 декември 2015 година во Мадрид, Шпанија.Почина Слободан Чашуле

Наводи

Надворешни врски

Животопис на С.Чашуле на „SEE Online“ Животопис на Чашуле на официјалното мрежно место на македонското Собрание

Категорија:Политичари од Скопје