Ивица Антески (, ) — македонски поет, книжевен критичар и новинар.
Животопис
Ивица Антески е роден е на 13 септември 1976 година во Тетово. Пораснал во Гостивар каде што завршил основно и средно Електротехничко училиште. Во 1996 година се запишал на Филолошкиот факултет во Скопје и живеел на релацијата Гостивар - Скопје. Антески почнал да работи како новинар, рецензент, уредник и преведувач за дневните весници „Дневник“, „Македонија денес“ и „Нова Македонија“, студентските весници „Студентски збор“ и „Лоза“, за „Млад борец“, во дневниот весник „Време“. Работел како новинар, но и како одговорен уредник на дневниот весник „Шпиц“. Во раната 2009 година, Антески ја пронашил својата нова страст и полека навлегол во светот на тангото. Моментално е инструктор по танго како и реномиран танго диџеј.
Творештво
Ивица Антески пишува поезија, куси раскази, како и книжевни рецензии. Досега објавил четири книги: "Физиката на грозјето" (1998, поезија, награда за најдобра дебитантска збирка во Македонија за таа година), "Растителни квадратни корени" (1999, поезија), "Облаци или пена за бричење" (2001, поезија), и "Линеарни безредија" (2003, поезија.)
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Гостивар Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски новинари Категорија:Македонски уредници Категорија:Апсолвенти на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје