Мерс или Мерс (герм. Moers, застарено: Mörs; архаично хол. Murse, Murs или Meurs) — град во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, Германија, сместен на левиот брег на реката Рајна. Припаѓа на округот Везел. Ова е најголемиот град во Германија што не е урбано подрачје и нема такви должности.

Историја мини|лево|250п|Војводството Мерс во 1635 г. Мерс за првпат се споменува во 1186 г. како Војводство Мерс - независно кнежевство во рамките на Светото Римско Царство.

За време на Осумдесетгодишната војна градот наизменично потпаѓа под шпанска и холандска власт, поради близината на Горната четврт на војводството Гелдерн. По војната градот му припаднал на Мориц Орански. Потоа бил одделен од Холандската Република и присоединет кон Горен Гелдерн (под шпанска власт).

По смртта на Вилем III Орански во 1702 г, Мерс му припаднал на кралот на Прусија. Тогаш се истерани сите холандски војници и службеници.

Во 1795 г. Мерс е припоен кон Франција. Со Виенскиот конгрес во 1815 градот ѝ се враќа на Прусија, а во 1871 станува дел од Германско Царство.

За време на II светска војна во Мерс се произведувала синтетичка нафта за воени потреби. По војната производствените капацитети биле делумно затворениПротоколни договори - Мерс .

Збратимени градови Мерс е збратимен со следниве места:

1966 Мезон-Алфор 1974 Бапом 1980 Ноузли (Мерсисајд) 1987 Рамла 1989 Ла Тринидад 1990 Зелов (Бранденбург)

Поврзано Мерски фестивал

Наводи

Надворешни врски

Страница на градот Туристичко-културен водич низ Мерс

Категорија:Градови во Северна Рајна-Вестфалија Категорија:Рајнска покраина