Муса Адем Демири (албански: Musa Demiri; Србица, ) ― злосторник, екстремист и поранешен командант на паравоената ОНА во Македонија, и според некои западноевропски списоци - терорист. Животопис
Демири е роден на 25 август 1955 година во кичевското село Србица. За време на воениот конфликт во Македонија од 2001 година, тој како доселеник во Швајцарија, добил функција како командант и дошол во Македонија. Македонските власти по него имаат распишано потерница поради бомбашки напади. Меѓу другото, тој е товарен и за поттикнување на активностите на ОНА со кој тој раководел самостојно во одделни сектори, но и по налог на претпоставените. Товарен е и за вршење и присилна мобилизација на албанското население во редовите на ОНА. Тој е сметан за терорист и е ставен на црниот список на ЕУ, согласно од 16 јули 2001 година, додека подоцна е ставен и на македонскиот црн список, согласно од 24 јули 2001 година. Демири е познат е по прекарот „Алибаба“, а сопственик е на ресторанот „Алибаба“ на патот кај Стража, односно патот Гостивар-Кичево. Имено, ресторанот „Алибаба", како и хотелот „Лиридона“ се главни свртилишта на лобито на албанската непријателска емиграција во Македонија.
Наводи
Категорија:Луѓе од Србица Категорија:Македонски Албанци Категорија:Југословенски Албанци Категорија:Команданти на ОНА