Омер Калеши (, - Истанбул, Турција, ) — истакнат македонски и турски сликар.

Животопис Калеши роден е во кичевското село Србица во 1932, од татко Албанец и мајка Македонка-муслиманка. Матурирал отсек електроника при средното техничко училиште во Скопје, а веќе во 1956 година, тој се преселил во Турција. Во 1959 година, започнал со студии на Ликовната академија во Истанбул и 7 години подоицна, во 1965 година ги завршил студиите во класата на Бедри Рахми. Се преселил во Париз каде и денес живее и работи. Имал многу изложби низ Македонија и целиот свет.

На 6 јуни 2018 година, Омер Калеши е избран за почесен член на Македонската академија на науките и уметностите.Соопштение на МАНУ на семрежното место на МАНУОмер Калеши стана почесен член на МАНУ на семрежното место на Магазин

Наводи

Надворешни врски Животопис на мрежното место на Агенцијата за иселеништво

Категорија:Луѓе од Србица Категорија:Починати во Истанбул Категорија:Македонски сликари Категорија:Турски сликари Категорија:Македонци муслимани Категорија:Македонски Албанци Категорија:Југословенски Албанци Категорија:Македонски академици Категорија:Академици на МАНУ