Љубе Трпески (Велмеј, 1947) — македонски економист, универзитетски професор, поранешен министер во македонската влада и поранешен гувернер на Народна банка на Македонија.

Животопис Роден е во 1947 година, во охридското село Велмеј. Основното училиште го завршил во родното место, а гимназија во Охрид. Дипломирал во 1970 година, на Економскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје.Љубе Трпески, Банкарство и банкарско работење, Скенпоинт, 2009 Љупчо Трпески, Влијанието на парите и кредитите врз стопанските движења – теориска и емпириска анализа. Новинско издавачка организација „Студентски збор“, Скопје, 1983. Трпески живее во Скопје, оженет е со Драгица Трпеска и има две деца.

Универзитетска кариера мини|Љубе Трпески (прв одлево) со група професори на Економскиот факултет - Скопје. Веднаш по дипломирањето, Трпески се вработил на Економскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, како асистент по група предмети од областа на финансиите. Магистрирал на Државниот универзитет во Флорида (Florida State University), во Талахаси, САД, како и на Факултетот за политички науки при Универзитетот во Белград, во 1976 година. Откако магистрирал, се стекнал со наставното звање предавач. Докторирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, во 1980 година. По докторирањето, тој бил избран најпрвин за доцент, а потоа и во вонреден и редовен професор на Економскиот факултет во Скопје, каде предавал повеќе предмети на додипломските и последипломските студии, како што се: монетарна економија, банкарство, банки и банкарски системи, монетарна анализа, монетарен систем и монетарна политика на ЕУ итн. Исто така, тој бил ментор и член на комисии за одбрана на повеќе магистерски трудови и докторски дисертации. Во учебната 1982/1983 година, Трпески престојувал како професор-гостин на Државниот универзитет во Калифорнија (California State University), во Чико, САД, каде што држел предавања по предметите пари и банкарство и меѓународни финансии. Професорот Трпески се пензионирал на 14 септември 2012 година.Љупчо Трпески, Влијанието на парите и кредитите врз стопанските движења – теориска и емпириска анализа. Новинско издавачка организација „Студентски збор“, Скопје, 1983.

Политичка активност Покрај академската кариера, Трпески извршувал и неколку политички и стручни функции: заменик-гувернер на Народна банка на Република Македонија (1987 - 1991) член на Републичката комисија за монетарно осамостојување и воведување на македонската валута (1991 - 1992) министер и потпретседател на македонската влада (1992 - 1997) претседател на Комисијата за хартии од вредност (1992 - 1997) гувернер на Народна банка на Република Македонија (мај 1997 - мај 2004)

Извршувајќи ги овие функции, Трпески имал значајна улога во монетарното осамостојување на Македонија, воведувањето на македонската валута, регулацијата на пазарот на хартии од вредност и водењето на монетарната политика. Во својство на министер или гувернер, тој ги предводел или учествувал во преговорите на Македонија со Меѓународниот монетарен фонд и со Светската банка.

Судскиот процес против Трпески Во септември 2004 година, полицијата поднела кривична пријава против Трпески, обвинувајќи го дека ја злоупотребил службената положба, така што, во текот на 2001-2002 година, во својство на гувернер на централната банка, издавал гаранции за кредитите што Експорт-Импорт банка ги земала од странски банки, при што, парите завршиле во повеќе фирми контролирани од стопанственикот Методија Смиленски.Вести на А1 Во ноември 2006 година, Трпески бил уапсен и еден месец поминал во куќен притвор, по што бил ослободен да се брани од слобода.Вести на А1 Во февруари 2008 година, со пресуда на Основниот суд I во Скопје, Трпески бил осуден на 4,5 години затвор.Утрински весник Во декември 2009 година, Трпески бил спроведен на издржување на казната во затворот Идризово, но по еден месец, тој бил ослободен врз основа на укинувањето на пресудата од страна на Врховниот суд.Вести на Канал 5

Поважни дела Трпески објавил голем број трудови и статии од областа на банкарството, финансиите и монетарната политика. Исто така, тој е автор и на неколку книги: Влијанието на парите и кредитите врз стопанските движења - теориска и емпириска анализа, Студентски збор, Скопје, 1983. Пари и банкарство, Economy Press, Скопје, 1995. Пари и банкарство (второ издание), Economy Press, Скопје, 2003. Банкарство и банкарско работење, Скенпоинт, 2009. Монетарна економија, Скенпоинт, Скопје, 2010.

Наводи

Надворешни врски Економски факултет-Скопје

Категорија:Луѓе од Велмеј Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски економисти Категорија:Македонски политичари Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски економисти Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Гувернери на НБРМ Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 1994 Категорија:Професори на Економскиот факултет - Скопје Категорија:Апсолвенти на Економскиот факултет - Скопје Категорија:Магистри на Државниот универзитет во Флорида Категорија:Доктори на Економскиот факултет - Скопје