thumb|десно|300px|Птичји поглед кон Фримантл Фримантл (англ. Fremantle) е пристаништен град во Западна Австралија кој се наоѓа 19 километри југозападно од Перт, главниот град на сојузната држава, при устието на реката Сван, на западниот брег на Австралија. Абориџинското име на областа е Валјалуп (Walyalup). Фримантл бил првата населба на Колонистите на реката Сван во 1829 година. Прогласен е за град во 1929 година, и има население од околу 29.000 луѓе.

Градот го добил името по капетан Чарлс Хоу Фримантл, англиски поморски офицер кој прогласил поседување на Западна Австралија и основал камп во месноста. Градот содржи добро сочувани градби и други културни наследства од 19 век. Градот се нарекува со деминутивот „Фрио“ (Freo) во жаргонот на Западна Австралија.

Поврзано Австралија Географија на Австралија Градови во Австралија

Наводи

Категорија:Градови во Австралија Категорија:Градови во Западна Австралија Категорија:Населени места основани во 1829 година