Свети Јован Крстител — главна селска црква во кичевското село Староец, Македонија.
Црквата се наоѓа на крајниот источен дел во селото, веднаш после последните куќи во насока кон селото Вранештица.
Местоположба
Црквата се наоѓа над селото, во непосредна близина на основното училиште во селото.
Историја
Црквата била осветена на 12 септември 1999 година од страна на митрополитот Тимотеј Дебарско-кичевски.
Според натпис на самата црква, местото за изградба на овој храм бил подарен од браќата Борис и Бранко Илиевски и Трајко Симјаноски во 1994 година.
Галерија
Поврзано Кичевско архијерејско намесништво Прва кичевска парохија Староец
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Староец Староец Категорија:Македонската архитектура во 1999 година