Теофилакт Охридски () — византиски свештеник и охридски архиепископ во периодот од 1084 до 1107 година. Тој бил архиепископ на Охридската архиепископија по потекло од Византија. Претставува еден од најпознатите православни теолози во тоа време, кој оставил голем број на дела и текстови.

Животопис Биографијата на Теофилакт Охридски до ден денешен не е осветлена сосема во науката. Пред да дојде за архиепископ во Охрид, неговото презиме било Хефестос,P. Gautier, L'episcopat de Theophylacte Hephaistos, стр. 165-168. а по народност бил Грк. Роден од византиски родители во градот Еврип (Халкида), на островот Евбеја. Годината на неговото раѓање не е позната во науката. Со основно образование се стекнал во Атина, бидејќи таа била најблиску до Еврип, а потоа своето образование го продолжил во Цариград, чии учители биле едни од најпознатите во тоа време, како на пример Михаил Псел, кој во тоа време бил признаен за врховник на филозофите.Бранко Панов: „Средновековна Македонија“, том 2, стр. 20.

Цариград Својата кариера Теофилакт ја започнал како ѓакон во Цариградската велика црква Св. Софија, каде долги години се покажал како добар оратор. Неговите широки познавања на филозофијата и реториката, довеле до тоа тој да се издигне високо меѓу учениот свет на Византија и да стане „врховник на реторите“,Бранко Панов: „Средновековна Македонија“, том 2, стр. 23. односно мајстор магистер на реторите во Цариград.

Во својата предархиепископска дејност Теофилакт бил активен и на писателско поле. Се смета дека тогаш ги напишал своите обемни објаснувања на Светото писмо, и редица реторски дела.Р. Катичиќ: „Биографија на Теофилакт“, стр. 368. Потоа, како архиепископ, Теофилакт составувал „елегични песни“, ги напишал „Житието на Климент Охридски“, „Житието на Тивериополските маченици“, и многу други дела.

Заради својата широка наобразба, Теофилакт си обезбедил место во кругот на царското семејство. Имено, царот Михаил VII го назначил за учител на својот син Константин Дука. За ова, Теофилакт напоменува во своето дело „Царско воспитание“. Во науката сè уште се води полемика по однос на времето кога го воспитувал царскиот син Константин. Освен Константин, Теофилакт воспитувал и други членови на царските семејства. Преку воспитување на синовите на царски семејства, а и на други високи државници, Теофилакт постепено почнал да се занимава со политика. Близок до царскиот двор, тој знаел сè што се одигрува таму, па поради своето широко познавање на работите, играл камелеонска улога: одржувал блиски контакти и со членови на симнатите царски семејства, како и со оние што биле на власт. За него, „родот на Дуковци“ бил благороден, бидејќи му направиле многу добрини, а царот Алексиј I Комнин бил „предобриот цар“.Бранко Панов: „Средновековна Македонија“, том 2, стр. 29.

Архиепископска дејност мини|Диецезата на Охридската архиепископија во времето на архиепископот Теофилакт. По доаѓањето на власт на Алексиј I Комнин, Теофилакт бил отстранет од своите должности во Цариград и назначен за архиепископ во Охрид. Точната дата за неговото назначување не е позната, но се смета дека тоа се случило во околу 1084 година. На охридскиот престол се задржал до 1107 година, каде по ова тој заминал во Солун. Најверојатно починал околу 1125-1126 година.

Се чини дека причината поради која царот Алексиј I Комнин го прогласил Теофилакт за архиепископ на Охридската архиепископија бил фактот што Теофилакт бил пријател на голем број дворски функционери.Фрањо Рачки: „Борба Јужних Словена за државну неодвисност. Богомили и патарени.“, Београд, 1931 г., стр. 306. Во „варварската земја Македонија“,Theophylacti arhiepiscopi Bulgariae Epistolae. J.P. Migne PG t. CXXVI. Paris, 1864, col. 517, C Алексиј I Комнин ги затекнал позициите на Византија ослабнати. Македонскиот народ настојувал на секој начин да го отфрли византиското господство. Во Охрид и другите градови и села низ Македонија, населението пеело „некаква борбена и победоносна песна“.Theophylacti arhiepiscopi Bulgariae Epistolae. J.P. Migne PG t. CXXVI. Paris, 1864, col. 308, B; 508, C Положбата била пред војна, поради што Византијците биле многу исплашени.Theophylacti arhiepiscopi Bulgariae Epistolae. J.P. Migne PG t. CXXVI. Paris, 1864, col. 336, D-337, A-B-C-D; 338; B-C Царот побрзал да ги зајакне овде своите позиции, бидејќи агресивните Нормани, предводени од Роберт Гвискард, настојувале да ги освојат балканските владенија на Византија. Човекот кого имепраторот го одбрал за архиепископ, требало со „помош на Бог“ да ги натера Македонците да ги трпат без отпор своите господари.Theophylacti arhiepiscopi Bulgariae Epistolae. J.P. Migne PG t. CXXVI. Paris, 1864, col. 376, B-C

Во науката постои едно големо несложување по однос на датумот кога Теофилакт дошол на чело на Охридската архиепископија. Назначен од царот, а посветен во чин на архиепископ од патријархот, Теофилакт заминал за Македонија каде што работите биле пред „призрак за војна“.Theophylacti arhiepiscopi Bulgariae Epistolae. J.P. Migne PG t. CXXVI. Paris, 1864, col. 376, B Нему му било поставено за задача и од царот и од патријархот, во оваа „варварска земја“ да настојува преку црквата, т.е. „со помош на некакви горни сили“ да ги оттгрне смрдливите „варвари“ - „жабите“ (т.е. Македонците) од тагувањето за своето славно минато и да ги спречи да пеат борбени и победоносни песни. Овие погрдни зборови се на самиот Теофилакт.

Како архиепископ во Охрид, Теофилакт барал такви помошници кои ќе му помогнат во грцизирањето на народот. Им давал инструкции на разните епископи и на управниците од световната власт како би требало да го зачуваат византиското владеење врз Македонија, а сето тоа преку пишани писма, од кои се зачувани околу 130. Преку овие писма Теофилакт го подигал моралот на византиските управници (духовни и световни), пред сè на оние кои служеле во Македонија, и кои се пожалиле дека станале варвари живеејќи меѓу Македонците. На книжевно поле, освен писмата, Теофилакт напишал и две житија: едното за Тивериополските маченици, а другото за Климент Охридски, во кои на византиски начин го извртел славното минато на македонскиот народ.

Отворени остануваат прашањата: каде и кога точно умрел Теофилакт, и дали умрел додека бил архиепископ во Охрид.

Писмата на Теофилакт До 1864 година, кога во Париз, Миње ги издал речиси сите дела на Теофилакт во 126. том на „Patrologiae cursus completus, Series graeca“, писмата не се сметале за важни за проучување на историјата. Пред ова издание постоеле неколку изданија на писмата на Теофилакт: 75 писма биле издадени од Јован Меурсија, 35 од Јован Ламија и 20 од Бонфациј Финети.Сп. Ф. Успенски: „Образование...“, стр. 2-3; М. Симеон: „Писмата“ с. II-III. Успенски писмата ги публикувал на руски јазик, со што овозможил Теофилакт како историски извор да биде достапен до поголем број истражувачи.

Писмата на Теофилакт се тешки за изучување и разбирање, поради грешките направени од првите препишувачи и издавачи на писмата, а можеби и од печатарите.

Ова мислење на митрополитот Симеон го прифатиле подоцнежните истражувачи, па денес имаме бројни поправки на писмата на Теофилакт, кои даваат нови резултати. Во прв ред, тоа го направила Белгијката Леруа-Молинген, која извршила поправки само на две писма. По однос на поправките направени од митрополитот Симеон и неговиот превод на писмата на бугарски јазик, таа сметала дека Симеон покажал доста добро разбирање за јазикот на Теофилакт.A. Leroy-Molinghen, Les lettres de Theophylacte de Bulgarie. Metropolite Symeon. Bruxelles, 1936, 770-771.

Податоците од писмата на Теофилакт се особено драгоцени извори за следење на феудалниот процес и животот во Македонија во време на владеење на имепраторот Алексиј I Комнин, кон крајот на 11 век и почетокот на 12 век. Развитокот на феудализмот одел многу нерамномерно. До паѓањето на Македонија под византиска власт, процесот на феудализација течел побавно од Бугарија на пример. За време на византиското владеење, пак, било обратно.Бранко Панов: „Средновековна Македонија“, том 2, стр. 77. Причина било тоа што Македонија од втората половина на 11 век била наполно вклопена во управниот систем на Византија, поради што византискиот феудализам извршил силно влијание врз развојот на феудалните односи во неа.

Теофилакт нè известува дека кон крајот на 11 век во Македонија имало појави на организирано напуштање на домовите од селското население и ајдукување во шумите.Theophylacti arhiepiscopi Bulgariae Epistolae. J.P. Migne PG t. CXXVI. Paris, 1864, col. 529, A-C-D Општината како заедница на слободни селани сè повеќе се губела поради силните внатрешни и надворешни удари. Во едно свое писмо Теофилакт го известува зетот на царот дека практорот ги заплашувал селаните од општината која поминала под патронат на Архиепископијата, оти ќе им наложи даноци поголеми од нивните сили ако „ја изберат за владетел Архиепископијата“.Theophylacti arhiepiscopi Bulgariae Epistolae. J.P. Migne PG t. CXXVI. Paris, 1864, col. 449, C Со ова, Теофилакт сведочи дека тоа време општините во Македонија располагале со одредени права, штом самите се изјаснувале под чиј патронат ќе бидат.

Друг фактор кој влијаел за исчезнување на слободните селски општини во Македонија биле постојаните војни кои Византија ги водела во Македонија и во другите делови на Империјата со Норманите, Печенезите, Куманите, Турците, Србите и со крстоносците од првиот крстоносен поход. Византија ги терала своите провинции да „даваат определен број војници“. Но, Теофилакт известува дека при собирање на пешадија од Македонија, византиската администрација не се држела до нормите, туку напротив, населението се земало во неограничен број во војската. Самиот Теофилакт реагирал на ова, замолувајќи во едно писмо да се води сметка, бидејќи охридското население е пред исчезнување.Theophylacti arhiepiscopi Bulgariae Epistolae. J.P. Migne PG t. CXXVI. Paris, 1864, col. 532, D-533 Освен Визатијците, и другите завојувачи на Македонија со своите пљачкашки и истребувачки походи, влијаеле да се намали населението. Така на пример, од Вилхелм Тирски дознаваме дека крстоносците во 1096 година уништиле едно цело село во Пелагонија, „наполнето само со кривоверци (богомили)“.Willermi Tyrensis: Historia rerum in partibus transmarinis gestarum a tempore successorum Mahumeth usque ad annum Domini 1184. t. I, p. 658. Од друга страна, Византија колонизирала туѓо население во Македонија. Теофилакт известува за голем број вдовици и сирачиња на загинати селани. Имотите на овие селани ако немало наследници, се одземале.Theophylacti arhiepiscopi Bulgariae Epistolae. J.P. Migne PG t. CXXVI. Paris, 1864, col. 313, C

Како феудалец, и самиот Теофилакт во име на црквата присвојувал имоти од селаните. Бил обвинуван дека им ги присвојува на охриѓани „нивите и лозјата“,Џанкова-Петкова: „Феодалното земевладение...“, стр. 281. при тоа применувал разни методи: ги прогласувал за кривоверци, за многуженци, за стапување во незаконски брак и слично. На овој начин на многумина од Македонија им се одземени имотите. За ваквите грабежи луѓето оделе да се жалат во Цариград. До Алексиј I Комнин дошла борбата која ја воделе парикот Лазар и „мнозина“ како него против „тиранијата на архиепископот“ Теофилакт. Царот реагирал на ова и наредил да се вратат одземените имоти, а на даночните чиновници им да право да извршат претрес кај архиепископот Теофилакт.Theophylacti arhiepiscopi Bulgariae Epistolae. J.P. Migne PG t. CXXVI. Paris, 1864, col. 445, D

Улогата на Теофилакт во грцизирањето на македонскиот народ