Весна Ацевска — поет, раскажувач и преведувач. Родена е на 10 ноември 1952 година во Скопје. Завршила Филолошки факултет во Скопје. Работела во весникот „Република“, а од 1992 година работи во Институтот за национална историја во Скопје. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1991 година и на меѓународното друштво „Калеваласеура“ од Финска. Го препеала финскиот спев Калевала и за него ја добила наградата за препев „Григор Прличев“ за 2000 година, а во посебна книга се објавени препеви од персискиот еп „Шахнаме“ на Фирдоуси (2007). Ацевска објавила избор од руските бајки, книги препеви од руските поетеси Ана Ахматова и Марина Цветаева, од српските поети Симон Симоновиќ и Александар Рашиќ, од бугарскиот поет Петко Братинов (заедно со С. Стојчевски), како и антологија на албанската народна лирика (заедно со С. Стојчевски и Џ. Ахмети). Избори од нејзината поезија како книги се објавени на албански, бугарски, романски, српски и турски јазик. Списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“ - Прилеп, објави специјален број (5-6, 2008) посветен на творештвото на Ацевска.

Весна Ацевска е член е на Македонскиот ПЕН-центар (2009)Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 33.

Книжевно творештво Подготовки за претстава (поезија, 1985) Карпа за скок (поезија, 1991) Лавиринт (роман, 1992) Рок видри (роман, 1993) Скалила во зеленото (роман, 1994) Котва за Ное (поезија, 1994) Неред во огледалото (поезија, 1996) Кула во зборот (поезија, 2005) Столисник (поезија, 2008) Мартинки (поетски избор, 2009)

Награди Браќа Миладиновци (за Столисник, поезија, 2009) на Струшките вечери на поезијата 2000 Григор Прличев (награда за препев) на Калевала 2009 Григор Прличев (награда за препев)на Стара Еда 2012 Ацо Шопов (награда) за Будност. Лотос

Наводи

Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски поетеси Категорија:Македонски романописци Категорија:Македонски преведувачи Категорија:Југословенски поети Категорија:Добитници на наградата „Браќа Миладиновци“ Категорија:Добитници на наградата „Ацо Шопов“ Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“