„Going Under“ e песна од американската рок група Evanescence. Издадена е на 9 септември 2003 како втор сингл од нивниот прв студиски албум, Fallen. Оваа песна требало да биде прв сингл, но тоа било песната „Bring Me to Life“. Додека песната не успевала да се искачи на Билборд Хот 100, се искачила на #5 место на Билборд Алтернативни песни табелата. Музичкото видео на песната се нашло на списокот на 15 најстрашни музички видеа некогаш снимени од Билборд.http://www.billboard.com/#/features/the-15-scariest-music-videos-ever-1004124428.story?page=4 Песната добила златна сертификација од ARIA.
Заднина „Going Under“ била последната песна напишана за албумот Fallen. Според Ејми Ли во песната се работи за заздравување од тешка врска, што го кажала во повеќе интервјуа.
Демо верзијата, која е снимена пред албумот Fallen, е со изменета музика и вокал на Ли. Акустичната верзија е снимена кратко по издавањето на Fallen, како и повеќето од песните.
Музичко видео
Спотот за песната Going Under е сниман во Берлин во мај 2003 година и е режиран од Филип Столзи.
Во музичкото видео се прикажано Ејми Ли и бендот како изведуваат на концерт, а обожавателите во публиката се претвораат во зомби и повторно во луѓе. За време на вториот рефрен Ејми ќе се фрли во публиката која ќе се претвори во вода.
Ејми ги дизајнирала двата фустани кои ги носи за време на спотот.
Список на песни ЦД сингл (Американска верзија) (издаден 9 септември 2003)
Табели Табела (2003)НајвисокапозицијаСАД Билборд Bubbling Under Hot 100 Singles4САД Билборд Модерни Рок Песни5САД Билборд Мејнстрим Рок Песни26Австралија ARIA Топ 50 Синглови14Канада Топ 50 Синглови11Франција Топ 100 Синглови16Германија Топ 100 Синглови15Ирска Топ 50 Синглови18Италијанска FIMI Сингл Табела9Холандија Топ 40 Синглови26Нов Зеланд RIANZ Топ 40 Синглови4Шпанија Топ 40 Синглови17Обединето Кралство Топ 75 Синглови8
Наводи
Категорија:Песни од Evanescence Категорија:Синглови од 2003 Категорија:Песни напишани од Ејми Ли Категорија:Песни напишани од Бен Муди Категорија:Песни напишани од Дејвид Хоџес