Харави (, ) е стар традиционален правец на андската музика, но и на староседелската лирска поезија. Харави бил распространет низ Тавантинсују и денес е особено застапен во државите кои бил под директна управа на Империјата, односно во Перу, Боливија, Еквадор и делови од Аргентина и Чиле. Типично, харави е спора, духoвна мелодична песна или музика која се свири на кена, еден вид флејта. Текстот често е со љубовен карактер, секојдневен селски живот и слични теми.

Поврзано Андска музика Инки

Категорија:Култура на Инките Категорија:Андска музика Категорија:Боливиска музика Категорија:Перуанска народна музика Категорија:Перуанска литература Категорија:Боливиска литература