U2 („Ју ту“) — ирска рок-група создадена во Даблин во 1976 година. Бендот го сочинуваат Боно (вокал, гитара), Еџ (гитара, клавир, вокал и бас ), Адам Клејтон (бас) и Лари Мален (тапан).
Групата Ју ту до денес има продадено повеќе од 120 милиони студиоалбуми и повеќе од 50 милиони компилации и снимки од настапи во живо, шест пати некој од нивните албуми бил прво место на американските топ-листи, а девет пати во Велика Британија. Имаат освоено 22 награди Греми, најмногу после Стиви Вондер.
U2 е една од најпопуларните рок-групи во светот уште од осумдесеттите години. Групата е политички активна, посебно во сферата на човекови права. Активисти се на проектот Make Poverty History,а Боно е активист на организацијата DATA (Debt, AIDS, Trade in Africa — Државен долг, сида и трговија во Африка).
Животопис Формирање на бендот и раните години (1976-1979) Групата е формирана во Даблин, сабота 25 септември 1976. Четиринаесетгодишниот Лари Мален Јуниор објавил на средношколската табла дека бара музичар за својот бенд. Набрзо ја имале својата прва проба во кујната на Лари.
Групата, тогаш позната како „Бендот на Лари Мален“, го сочинувале Мален кој свирел на тапани, Адам Клејтон на бас гитара, Пол Хјусон (Боно) како вокал, Дејв Еванс (Ди Еџ) на гитара, неговиот брат Дик Еванс и другарите на Мален, Ајван Макормик и Питер Мартин на гитари. После неколку недели и Мартин и Макормик биле исфрлени од групата бидејќи биле многу млади за да можат да свират на договорените настапи по баровите. Подоцна името го промениле во Feedback. Иако се познати како Ирски бенд, два члена, Еџ и Адам Клејтон се Британци по потекло.
Хјусон го добил прекарот „Боно Вокс“ по рекламната кампања на компанијата која продавала апарати за слушање (vox bona што на латински значи „добар глас“). Имено, еден негов другар рекол дека тој пее толку гласно што и ако огчуви нема да му требаат апарати за слушање. The Edge (en:- ивица) го добил прекарот од Боно кој мислел дека Дејв е секогаш „на ивица“ поради ситуацијата во светот. Боно исто така мислел дека „оштрица“ е најдобар опис на главата на Еџ.
После 18 месеци проба го промениле името на бендот од Feedback во The Hype. Кога во 1978. настапиле на еден фестивал ги забележал еден од судиите – Џеки Хајден (Jackie Hayden) кој бил продуцент на „CBS Records“. Освоиле прва награда и 500 фунти, а Хајден им дал на располагање студио како би можеле да го снимат својот прв демо албум.
Дик Еванс (брат на Еџ) најавил дека ќе замине од групата во март 1978, а потоа одржале проштална забава. Во мај Пол Макгинис станал нивен менаџер.
Тие не биле задоволни со името "The Hype". Некој ги прашал: "Како ви звучи U2? Тоа е име на подморница и на шпионскиот авион, а и има две значења (U2 – you too – и ти; и јас тебе)". Тоа се поклопува и со нивната филозофија дека и публиката учествува во правењето на нивната музика и дека сте „и вие“ (U2) дел од музиката.
Четворочлената група, која што веќе била позната на местата каде што свирела, го објавила својот прв сингл „U2-3“ во септември 1979 година. Песната стигнала на врвот на ирските топ листи. Во декември, истата година групата отпатувала во Лондон на нивниот прв настап надвор од Ирска, кој неспеал да го привлече вниманието на англиската публика и на нивните критики.
The Unforgettable Fire и Live Aid (1984-85)
The Unforgettable Fire бил издаден во 1984. Амбиентален и апстрактен, во тоа време претставувал најголема промена на групата. Групата се плашела дека после рокерскиот албум War, ќе станат уште една обична рок група. Поради тоа, барале експериментирање, како што се присеќава Адам Клејтон: "Баравме нешто што ќе биде посеризно, поуметнички". Д Еџ бил восхитен од амбиенталната и чудна музика на Брајан Ино, кој, заедно со инженерот Даниел Ланоа, се согласиле да го продуцираат албумот. The Unforgettable Fire има богат и оркестриран звук. Под водство на Ланоа, тапаните на Мулен станале полабави, пофанки и басот на Клејтон посублиминален; ритамската секција повеќе не се нафрлувала, туку течела заедно со песните. Текстовите на албумот се отворени за многу интерпретации, овозможувајќи, според групата, многу визуелно чувство. Поради тесниот рок при снимањето, Боно мислел дека песните како Bad и Pride (In The Name Of Love) биле некомплетни скици. Pride (In The Name Of Love) , песна за Мартин Лутер Кинг, била прв сингл на албумот и станала најголем хит на групата до тогаш и исто така нивна прва песна која влегла во топ 40 во САД. Поголем дел од турнејата за албумот се одвивала во затворени сали, како што групата почнала да победува во Битката за публика. Комплексните текстури на песните било проблематично да се отсвират на концерт. Едно решение биле прграмирани секвенцери, кои групата пред тоа претходно не сакала многу да ги користи, но сега се употребуваат во повеќето концерти на групата. Имало критики дека песните на албумот се недовршени, матни и нефокусирани, но биле подобро прифатени од критиката кога биле отсвирени на концерт. U2 учествувале на Live Aid концертот против гладот во Етиопија на стадионот Вембли во јули 1985. Перформансот на групата пред 85 000 луѓе било важна точка во кариерата на групата. За време на 14 минутната изведба на песната Bad, Боно скокнал од сцената да прегрне и да игра со една обожавателка, што им покажало на милиони гледачи ширум светот дека Боно може да создаде лична врска со публиката. Во 1985, магазинот Ролинг Стоун ги нарекол ЈУ ТУ Група на '80-тите, велејќи дека со нивниот број на рокенрол обожаватели кој постојано се зголемувал, тие станале група која навистина нешто важи. Тhе Joshua Tree и Rattle and Hum (1986-89) Сфаќајќи дека немаат радиција и дека нивното познавање на музиката е ограничено, групата се приближила кон музиката со американски и ирски корени. Пријателството со Боб Дилан, Ван Морисон и Кит Ричардс ја мотивирало групата да ја истражи блуз, фолк и госпел музиката и го фокусирало Боно на неговите вештини како пишувач на песни и текстови. За нивниот петти албум, Тhе Joshua Tree, групата сакала да ја надогради текстурата на The Unforgettable Fire, но наместо тоа експериментирање надвор од фокус, тие барале по удирачки звук. U2 го прекинале снимањето во 1986 за бидат насловна група на турнејата Заговор за Надеж на Амнести Интернешнл. Наместо да биде дистракција, турнејата додала екстра интензитет и моќ на нивниот нов материјал. Во 1986, Боно отпатувал во Сан Салвадор и Никарагва и од прва рака ја видел вознемирената на селаните кои биле малтретирани во внатрешните конфликти кои биле предмет на американска политичка интервенција. Ова искуство станало централно внимание врз новата музика. Тhе Joshua Tree бил издаден во 1987. Албумот изразувал антипатичност спрема САД. Групата сакала музика со чувство за локација и кинематски квалитет и музиката и текстовите имале влијание од американските автори чии дела ги читале сите во групата. Овој албум бил најбрзо распродаден во историјата на британските топ листи и бил број еден девет недели во САД. Првите два сингла, "With or Without You" и "I Still Haven’t Found What I’m Looking For", брзо станале првите број еден хитови на групата во САД. Тие станале четвртиот рок бенд кој бил на насловната на магазинот Тајм. Со овој албум, U2 ги освоиле првите две Греми награди и се издигнале на ново ниво на успех. Многу публикации, вклучувајќи го и Ролинг Стоун, ги прогласиле за еден од најдобрите рок бендови. Турнејата за албумот била првата во која групата одржувала концерти на стадиони. Документарецот Rattle and Hum содржел снимки од турнејата. Двојниот албум вклучувал девет студиски песни и шест изведби во живо. Издадени во октомври 1988, албумот и филмот биле направени како почит кон американската музика и вклучувале снимки од Сан Студиос во Мемфис и перформанси со Боб Дилан и Б.Б. Кинг. Rattle and Hum поминал скромно на бокс офисот и добил измешани критики од музичките и филмските критичари. Еден уредник на Ролинг Стоун зборувал за возбудата во албумот, друг го опишал како бомбастичен и промашен. Режисерот на филмот, Фил Џону, го опишал како премногу претенциозен поглед на ЈУ ТУ. Повеќето од новиот материјал бил изведен на Лавтаун турнејата , со која ги посетиле Австралија, Јапонија и Европа, бидејќи сакале да ја избегнат американската критика. Исто така тие не биле задоволни со нивните настапи во живо; Мулен рекол дека биле најголеми, но не биле најдобри. Со чувство на музичка стагнација, Боно им рекол на обожавателите на еден од последните концерти на турнејата дека нешто завршило за ЈУ ТУ и дека треба да заминат некаде и да го одсонуваат повторно. Achtung Baby, Zoo TV и Zooropa
Погодени од критиката за Rattle and Hum, групата направила калкулирана промена во музичката и тематската насока за нивниот седми студиски албум, Achtung Baby; промената била најдраматична после The Unforgettable Fire. Барајќи инспирација во обединувањето на Германија, тие почнале да работат на албумот во Источен Берлин во октомври 1990 со продуцентите Даниел Ланоа и Брајан Ино. Сесиите биле полни со конфликти, бидејќи групата се расправала за музичкиот правец и квалитетот на материјалот. Додека Клејтон и Мулен го претпочитале звукот сличен на нивните претходни албуми, Боно и Еџ биле инспирирани од европската електронска денс сцена и се залагале за промена. По неколку недели тензија и бавен прогрес со имрпвизираното пишување на песната One. Се вратиле во Даблин во 1991, каде што моралот се подобрил и поголемиот дел од албумот бил завршен. Во ноември 1991 го издале албумот Achtung Baby. Во однос на звукот, вклучувал влијанија од алтернативен рок, денс и индастриал. Тематски, бил интроспективен и личен албум; бил потемен, но на моменти и полесен од нивните претходни албуми. Во однос на комерцијалноста и критиката, тој бил еден од најуспешните албуми на групата. Од него испаднале хит сингловите "The Fly", "Misterious Ways" и "One". Како и Joshua Tree, и овој албум од многу магазини бил наречен еден од најдобрите рок албуми. Турнејата Zoo TV била мултимедиски интензивен настан со сцена на која имало десетици видео екрани. Исто како и Achtung Baby, Zoo TV турнејата била многу различна од другите на групата. За разлика од сцените на другите турнеи, овие биле голем мултимедијален настан. Тоа било сатиризирање на убедливата природа на телевизијата и нејзиното замаглување на вестите и забавата со цел сетилно да ги преоптоварат своите гледачи. На сцената имало големи видео екрани на кои имало визуелни ефекти, видео клипови од поп културата и светлечки текстуални пораки. Во '80-тите ЈУ ТУ биле познати по своите сериозни настапи. Од друга страна настапите на Zoo TV биле намерно иронични; биле правени телефонски повици со претседателот Буш, Обединетите Нации и други. Снимките во живо преку сателит од Сараево предизвикале многу контроверзи. Албумот Zooropa сниман набрзина за време на паузата на турнејата во средината на 1993, продолжил многу од темите во Achtung Baby. Овој албум бил уште поразличен од претходните, вклучувајќи уште повеќе влијанија од денс музиката и други електронски ефекти. Џони Кеш ја отпеал песната The Wanderer. Повеќето од песните биле изведени барем еднаш за време на турнејата во Европа, Австралија, Нов Зеланд и Јапонија. Pass, Pop и PopMart (1994-99)
Во 1995, ЈУ ТУ издадоа експериментален албум наречен Original Soundtracks 1.Брајан Ино, продуцент на претходните три нивни албуми, дал придонес како целосен партнер, вклучувајќи пишување и изведување. Поради оваа пришина и поради експерименталната природа на албумот, групата решила да го издаде под името Пассенгерс за да се разликува од нивните конвенционални албуми. Мулен за албумот изјавил: Има тенка линија меѓу интересна музика и само-задоволство. Ние ја поминавме со Passengers. Албумот останал критички незабележан и добил релативно лоши критики. Меѓутоа, синглот Miss Sarajevo заедно со Лучано Павароти, кој му бил омилен на Боно, бил успешен.