Драган Ташковски (, - , септември 1980) — македонски историчар и публицист. Образование и работен век Основно и средно образование завршил во Скопје, а дипломирал и магистрирал на Високата школа за политички науки во Белград. Одбранил хабилитационен труд под наслов „Кон етногенезата на македонскиот народ“ (Скопје, 12.IV.1975) и бил избран во звањето виш научен соработник. Бил учесник во НОАВМ, а по Ослободувањето вршел разни општествено политички функции: наставник и директор на Политичката школа на ЦК на СКМ, професор по социологија на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје, претседател на Друштвото на филолозите и социолозите на СР Македонија, претседател на Комисијата на Извршниот комитет на Претседателството на ЦК на СКМ за идеолошко-политичко оспособување на организациите и членовите на СКМ, директор на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје.

Објавени дела Раѓањето на македонската нација, Скопје, 1967 За Македонската нација (Наша книга 1976) Кон етногенезата на македонскиот народ Македонија низ вековите (Наша Книга, 1985) Корените на великобугарскиот национализам и санстефанска Бугарија Цар Самоил Карпошовото востание Кон Богомилското движење Богомилството и неговото значење

Мисли и извадоци За настанокот и процесот на етногенезата на македонскиот народ:

За значењето на поврзаноста со античките Македонци и прифаќањето на името Македонија во настанувањето и постоењето на македонската нација:

За прифаќањето на името Македонија и неговото значење за настанувањето и постоењето на македонската нација:

За интересот и значењето на повикувањата за поврзаност на античките Македонци и современиот македонски народ:

Поврзано За Македонската нација Раѓањето на Македонската нација

Наводи

Категорија:Македонски историчари Категорија:Родени во 1917 година Категорија:Починати во 1980 година Категорија:Добитници на наградата „13 Ноември“