Голтникот или фаринкс (лат. pharynx) е заеднички орган на дигестивниот и респираторниот органски систем.
Структура Човечкиот голтник е диференциран на три дела:
Горен (носен) дел - назофаринкс, преку парни отвори, наречени хоани комуницира со носот. Среден (устен) дел - орофаринкс, кој се наоѓа зад усната празнина и со неа комуницира преку голтниково стеснување Долен дел - хипофаринкс, во кој оформениот залак (болус), со помош на јазикот рефлексно се турка наназад и се голта, преминувајќи во хранопроводот. Притоа, отворот на гркланот се затвора со неговото капаче (мажлец). Со тоа се спречува навлегување на храната во дишните патишта.
Поврзано Голтничка согласка
Наводи
Категорија:Систем за варење Категорија:Дишен систем