По создавањето на Кнежевство Бугарија во 1878 година кон новата држава емигрирале многу Македонци, кои ја создале заедницата на македонската емиграција во Бугарија. По информации на Друштвото на народите вкупниот број на македонските иселеници во Бугарија за периодот од 1878 до средината на 1920-те години бил повеќе од 300,000.C. A. Macartney, "Refugees. The Work Of The League", "V. The Bulgarian Settlement", League Of Nations Union, London, 1931, стр. 113-122. Таа е најголема македонска емиграција во светот, со огромен интелектуален потенцијал и големо културно наследство."ЗАБОРАВЕНАТА ЕМИГРАЦИЈА СЕ ВРАЌА ДОМА" , "Глобус", брoj 81, 04. 11. 2008.

Македонска емиграција во периодот од 1878 до 1912

Големината, местото и улогата на македонската емиграција во бугарското општество мини|десно|350п|Кнежевството Бугарија и Источна Румелија Според К. Битоски во 1888 година во Бугарија имало 30 000 Македонци, додека пак на пописот на населението на Бугарија во 1893 година е констатирано дека 67 000 души биле родени во Отоманското Царство. Има претпоставка дека од оваа бројка 45 - 50 000 души биле родени во Македонија.

Според податоците на Васил Иванов К‘нчов од вкупно 20.509 државни бугарски службеници 955 биле Македонци, од кои 150 души биле бугарски офицери К. Битовски, Македонија и кнежевството Бугарија..., 15 - 16. Во последната деценија на 19 век во Бугарија се нашла многубројна македонска емиграција.

Според еден англиски податок кој се однесува на 1901 година во кнежевството Бугарија живееле 3.580.000 души, односно 600.000 луѓе повеќе во однос на 1890 година. Прирастот се должел во голема мера на Македонците кои се населиле во БугаријаАМ.Ф.ФО. 78/5146,мф.332,бр.66. Во Софија живееле 20.000 Македонци, во Пловдив 8.000, а Македонци имало и во другите градови низ Бугарија.

Голем дел од оваа македонска емиграција биле интелектуалци и тие брзо се вклопиле во новата средина и зазеле значајни места во бугарската администрација и општество Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски факултет.

Според Данкан Пери во средината на деведесеттите години на 19 век, од Македонија во Бугарија емигрирале од 100.000 до 200.000 Словени. Голем дел од нив биле: лекари, учители, адвокати, свештеници, дипломати и новинари. Мнозина од нив станале влијателни во политиката, владата и армијата.

Околу 430 (33%) од 1.289 офицери биле од Македонија, а 15.000 (43%) од 35.000 државни службеници потекнувале од македонските вилаети. Додека 1.262 (37%) од 3.412 егархиски свештеници биле од Македонија Данкан Пери, Политика на теророт: Македонското револуционерно движење 1893 - 1903, Скопје, 2001.. Според овој податок во Бугарија годишно доаѓале 200 до 300 македонски студенти и поради приливот на Македонците во Бугарија:

Македонското прашање во Бугарија не било само политичко туку и економско. Поради тоа Бугарите апелирале на Македонците да им се дадат реформи „автономија, Кралство или Република, без разлика што, само тие да се вратат во својата земја“. Тоа било „заеднички плач на сите бугарски партии“ Државен архив на Репубилка Македонија (ДАРМ), ф. Foreing Ofiice, 78/5146, мф 332, бр. 66.

За местото и улогата на Македонците во Бугарија дознаваме и од разговорот кој е воден помеѓу, бугарскиот трговски агент во Солун, Атанас Шопов и солунскиот валија Хасан Фехми паша во почетокот на 1904 година, при што валијата постојано се оплакувал од Македонците и го прашал Шопов: „Дали Македонците уште бујствуваат во Бугарија?“ На тоа Шопов одговорил:

По оваа валијата констатирал дека Македонците играат важна улога во Бугарија. На што Шопов додал „многу важна паша ефенди, поважна отсекогаш. Улогата на Македонците во судбината и животот на Бугарите во општо секогаш била важна“. За поткрепување на изнесеното, Шопов го потенцирал придонесот што го дале Македонците на културен план за Бугарите. Во тој контекст ги наведува: отец Паисиј како автор на првата бугарска историја; Кирил Пејчиновиќ и неговото дело кое наводно е на бугарски јазик; Теодосиј Синаитски кој ја отворил првата бугарска печатница во Солун и го испечатил првиот бугарски буквар; потоа Неофит кој го отворил првото бугарско училиште во Габрово поради што се сметал за патријарх на бугарското училиште.

Посебен впечаток остава фактот дека за ниту еден од нив не се вели дека е Бугарин, туку се потенцира дека тие се Македонци по род. Истовремено А. Шопов, потенцирал дека Македонците дале значаен придонес и за бугарското црковно прашање. На повторната констатација од страна на валијата дека Македонците принеле значајни заслуги за бугарскиот народ, следи образложение: „не само за бугарскиот, туку и за грчкиот... во време на грчкото востание...“ На крај од разговорот Шопов истакнал:

Дејноста на македонската емиграција во Бугарија Голем дел од македонската емиграција започнала дејност врз македонска основа. Една од главните цели на македонската емиграција е автономија за Македонија. По Кресненско востание и Берлинскиот конгрес во Русе се формира Македонската лига која од своја страна испратила барање до големите сили да се исполни членот 23 од Берлинскиот конгрес. Македонската лига поради својата дејност дошла во судир со бугарската влада и неуспеала да постигне некој позначајни резултати. Меѓутоа и покрај овој неуспех македонската емигарција не се откажале од своите цели и барања така што во 1888 година повторно во Русе, Коста Шахов започнал со издавње на весникот Македонија. Во првиот број на весникот било истакнато:

Покрај културните биле разгледувани и политичките прашања, односно автономија на Македонија. Овој весник престанал да излегува во 1894 година, меѓутоа треба да се истакне дека кон крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите години на 19 век во Бугарија се формирале неколку македонски асоцијации. Кон крајот на 1890 година македонските студенти во Софија ќе го формираат Македонското студентско друштво кое ќе егзистира до март 1891 година, меѓутоа неколку месеци подоцна од него ќе произлезе Лозарското движење.

Во јануари 1892 година, Млада македонска книжевна дружина го издала првиот број на списанието Лоза. ММКД во Предговорот на списанието укажува на опасноста од странските пропаганди во Македонија и повикува на организирано спротивставување од страна на Македонците. Во прилозите објавени во „Лоза“ на еден вешт начин се прави обид за прикажување на посебниот историски, културен и етнографски карактер на Македонија, при што се води сметка да се подзадоволи и вкусот на бугарското општество. Освен тоа Лозарите практикувале еден специфичен јазик и правопис, различен од бугарскиот, со тенденција истиот да послужи како основа за идниот литературен јазик на Македонија. Поради овие тенденции Младата македонска книжевна дружина и списанието „Лоза“ се нашле на отстрел пред бугарското општество и влада. Притоа предводничката улога ја имал провладиниот официоз весникот „Свобода“. По појавата на првиот број на „Лоза“, весникот „Свобода“ пишува:

Поаѓајќи оттука „Свобода“ заканувачки се обраќа на Лозарите:

По излегувањето на вториот број на „Лоза“, „Свобода“ одново се нафрлила врз Лозарите овој пат преку перото на Левов. Тој меѓу другото пишува:

Левов откако ги анализира првите два броја на списанието Лоза констатира дека тоа е сепаратистичко движење и затоа ја алармира бугарската јавност:

Meѓутоа во средината на 1892 година Лозарското движење и Лоза биле растурени и забранети. Во мај 1894 година се возобновува Младата македонска дружина a кон крајот на годината се формираат две нови македонски асоцијации: Македонски комитет и Братскиот сојуз. Со што започнува ново поглавје во активност на македонската емиграција.

Обединување на македонската емиграција

Под влијание на Ерменските настани и со падот на владата на Стефан Стамболов во втората половина на 1894 година доаѓа до раздвижување на македонската емиграција во Бугарија. Во месеците ноември и декември 1894 година се одржале бројни митинзи на македонската емигарција. На овие митинзи била дадена поддршка за Ерменците и нивното прашање, и истовремено било побарано подобрување на положбата на населнието во Македонија и тоа преку спроведување на членот 23 од Берлинскиот конгрес К.Пандев, Националноослободително движење во Македонија и Тракија од 1879-1903,Софија,1979.

Истовремено започнал и процес за обединување на македонските друштва и асоцијации. Иницијативата потекнала од Трајко Китанчев кои со својот природен афторитет ги обединил сите во ист правец. Китанчев во својство на претседател на Братскиот Сојуз ги поканил Младата македонска дружина и Македонскиот комитет да се помират и обединат. На 18.02.1895 година Трајко Китанчев испратил покана до сета македонска емиграција да испрати свои претставници на І македонски конгрес кој требало да се одржи на 18.03.1895 година во Софија.

На І македонски конгрес дошло до обединување на македонската емиграција во рамките на Македонскиот комитет и за време на овој конгрес била утвредна целта на македеонските друштва - автономија за Македонија. Меѓутоа Македонскиот комитет не увидел дека неговата дејност може да биде искористена и злоупотребена од страна на бугарскиот кнез и влада, што и се случило по Мелничкото востание кое било организирано од македонската емигарција.

По неуспешното востание доаѓа до внатрешни поделби и обвиненија меѓу емиграција, а тоа придонело да дојде со слабеење на самиот Македонски комитет. Во него се нашле голем број на приврзаници на бугарската идеја и агенти на бугарскиот двор и влада.

Еден дел од дејците на Македонскиот комитет ќе имаат значајна улога во бугарската политика и тие ќе бидаат трговски агенти, министри и премиери. Интересни се кариерите на: Тома Карајовов, Димитар Ризов, Андреј Љапчев и други. Македонската емиграција преку Македонскиот комитет ќе има големо влијание врз македонското националоослободително движење. ТМОРО од македонската емиграција ќе бара морална и материјална поддршка, меѓутоа двете организации ќе дојдаат до судир и на крај до раскинување на нивните контакти и односи.

Македонската емиграција и македонското прашање

Добар дел од македонската емиграција била позитивно наклонета кон идејата за создавање на самостојна македонска држава. Дека еден дел од дејците на Комитетот се залагале за самостојна македонска држава се гледа од извештајот на Кузман Дамјанович од 4.03.1899 година во кој тој ја забележал дискусијата на македонските дејци, а меѓу нив се нашле Коста Шахов, Андреј Љапчев и други. Меѓу нив се разврзала дискусија во која било истакнато:

Во 1902 година во Пловдив, се одржал учителски собир на кој Димо Хаџи Димов го прочитал рефератот Македонското прашање и учителот Димо Хаџи Димов, Одбрани дела, том еден, Избор, предговор и редакција Манол Пандевскски, Скопје, 1984. Хаџи Димов јасно ја разоткрил политиката на Врховниот комитет и бугарската влада кон Македонија, тој меѓу другото истакнал:

Ние не мислиме за Бугарија, но ќе си ја пазиме Македонија. Немојте и вие да мислите за Македонија, туку пазете си ја Бугарија.

Учителскиот собир усвоил резолуција со која била осудена политиката на Врховниот комитет и бугарската влада кон Македонија Константин Пандев, Националноосвободителното движение... 283-284. Тома Карајовов, во јануари 1902 го сондирал Ефтим Спространов, Карајовов се повикал на едно писмо од Цариград и потенцирал:

Македонија да започне своја, независна политика, чисто македонска. Никогаш да не се мисли за присоединување кон Бугарија, и во тоа да се убеди Европа. Тогаш ќе може да се постигне тоа што го сакаме Евтим Спространов. Дневник, Т.I (1901-1907), Предговор Александър Гребенаров, Съставители: Гребенаров, Ал., Милкана Бошнакова, Георги Царев. С. 1994.