Фудбалското хулиганство е бунтовно и девијантно однесување како што се вандализам,тепање и заплашување-од страна на фудбалските навивачи. Пресметките помеѓу приврзаниците на противнички тимови се случуваат пред или по фудбалските натправари на однапред договорени места надвор од стадионите ,со цел да се избегнат полициските апсења,но можат и спонтано да се случат на самите стадиони или на околните улици. Фудбалското хулиганство се движи од гласно навивање, тепачки(со тупаници)од помали размери и вознемирувања до големи немири каде навивачките групи се пресметуваат меѓусебно,користејќи смртоносни оружја како што се спортски палки,шишиња,камења и ножеви.Во некои случаи,пресметките на стадионите предизвикаа навивачите панично да бегаат ;од кои некои се повредени при пад на огради или ѕидови,а во најекстремните случаи,загинуваат хулигани,полицајци или случајни минувачи ,при што припадниците на специјалната полиција интервенираат со солзавец,оклопни возила и водени топови.
Фудбалската фирма (хулиганска организација или навивачка група што поседува илегални средства-уште позната како хулиганска група) е формирана банда,исклучиво за да се спротивстави и физички да ги нападне приврзаниците на другите клубови.Некои хулигански организации постојат за да промовираат маргинални политички цели,крајно лево и десно ориентирани,искажувајки ги своите политички идеали преку насилство,што од фудбалски поглед има минимално значење за клубот.Политичките ставови на” фудбалските фирми” не се исти со ставовите на другите поддржувачи на тимовите.Во 1970-тите и раните 1980-ти години,секојдневната субкултура го промени британското фудбалско хулиганство.Наместо да носат облека типична за работничката класа и поврзана со “скинхедс”,преку која полицијата лесно ги идентификуваше,членовите на групите почнаа да носат дизајнирана,скапа и импровизирана спортска облека.
Фудбалското хулиганство е прикажано во филмовите:I.D.,The Firm,The Football Factory,Green Street,Rise of the Footsoldier и Awaydays,kako и во книгите The Football Factory и Among the Thugs.Некои критичари тврдат дека овие медиумски претставувања искажуваат насилство и хулигански начин на живот.
Рана историја
Првото појавување на фудбалското насилство е непознато,бидејќи со години многу фудбалски натпревари се одиграа низ целиот свет,но фудбалот и насилството отприлика датираат уште од 14-от век во Англија.Во 1314 година Едвард 2 го забранил фудбалот (кој тогаш беше насилен и слободен за сите и вклучуваше сопернички села кои високо шутираат топка направена од мочен меур од свиња во склоп на локалната здравствена институција)затоа што мислел дека нередите на околните натпревари можат да доведат до социјален немир па дури и до предавство.Наводно,првите регистрирани случаи на хулиганство во модерниот фудбал биле во 1880-тите години во Англија,период кога приврзаничките банди ги заплашувале соседствата и ги напаѓале судиите како и противничките приврзаници и играчи.Во 1885 година, после победата на Престон Норт Енд над Астон Вила со 5-0 во пријателски натпревар ,двата тима се маваа со камења и стапови,се плукаа и удираа со тупаници и клоци,при што еден играч на Престон беше толку силно претепан,што ја изгубил свеста.Новинарските извештаи од натпреварот ги опишале навивачите како “простаци што завиваат”.Наредната година,навивачите на Престон ги претепаа навивачите на Квинс Парк на железничка станица;што е наводно прв пример на фудбалско хулиганство далеку од натпревар.Во 1905 година,неколку навивачи на Престон беа осудени за хулигантво,вклучувајќи и пијана и насилна 70-годишна жена,по нивниот натпревар против Блекбурн Роверс.Помеѓу двете светски војни,не е регистриран случај на фудбалско хулиганство(иако на пример, теренот на Милвол наводно беше затворен во 1920,1934 и 1950 година по немири на толпа луѓе),но почна широко да го привлекува вниманието на медиумите во доцните 1950-ти,поради неговото повторно појавување во Латинска Америка. Во фудбалската сезона 1955-56 година,навивачите на англиските тимови Ливерпул и Евертон биле вклучени во голем број на инциденти.Од 1960-тите,секоја година во Англија биле пријавувани во просек по 25 инциденти.
Континентална Европа
Белгија
Фудбалското хулиганство во Белгија е чест проблем. Секој од големите тимови како Антверпен, Клуб Брухе, Андерлехт и Стандард од Лиеж имаат своја хулиганска група,што во минатото доведуваа до сериозни нереди меѓу овие клубови.
Босна и Херцеговина
Хулиганството во Босна и Херцеговина е голем проблем.Најголемите проблеми ги прават навивачите на Зрињски(Ultras Mostar) и ФК Сарајево(Horde Zla),но постојат и многу други тимови кои имаат хулигани како поддржувачи:ФК Борац од Бања Лука(Lešinari),ФК Челик од Зеница(Robijaši) и ФК Широки Бријег (Škripari) исто така имаат проблематични навивачи.Обично безредија настануваат по натпреварите,во ресторани,барови итн. Лево ориентирани групи се навивачите на ФК Челик од Зеница(Robijaši),ФК Вележ од Мостар(Red Army),ФК Слобода од Тузла(Fukare) и ФК Жељезничар од Сараево(The Maniacs).Десно ориентирани се “муслиманските”навивачи на ФК Сарајево(Horde Zla) и српските навивачи на фудбалските клубови Борац од Бања Лука и Славија од источно Сараево.Навивачите на ФК Дрина од Зворник(Vukovi) се поврзани со четниците,додека навивачите на ФК Широки Бријег(Škripari) и ХСК Зрињски од Мостар (Ultras) се хрватски ориентирани и поврзани со усташите.
Хрватска
Фудбалското хулиганство во Хрватска се состоеше од нереди поради меѓу-етничката нетрпеливост и политиките кои влијаеа за распадот на СФРЈ во 1990-тите години.Двете најпознати хулигански групи се “Torcida”(Хајдук од Сплит) и “Bad Blue Boys”(Динамо од Загреб),кои не се само хулигански организации;тие сè повеќе наликуваат на јужноамериканските поддржувачки групи “Torcida” и “Ultras” групите,со организирани “Тифос” итн. На 13 Мај 1990 година(пред распадот на Југославија) српскиот клуб Црвена Ѕвезда од Белград гостуваше во Загреб за да игра против Динамо на стадионот Максимир.Црвена Ѕвезда доведе повеќе од 3000 навивачи на натпреварот,заедно со сега покојниот Жељко Ражнатовиќ(познат како Аркан),нејзин истакнат член, водач на српската паравојска.Пред почетокот,избувнаа неколку мали тепачки.Полициските засилувања пристигнаа вооружени со оклопни возила и водени топови,тепајќи ги иклучиво навивачите на Динамо.Остана запаметена реакцијата на фудбалерот на Динамо,Звонимир Бобан кога го удри полицаецот,бранејќи навивач на Динамо,претепан од полицијата.Судирот,во кои беа повредени стотина луѓе ,траеше повеќе од еден час.Хулиганството во Хрватска е понекогаш поврзано со расизмот и национализмот,иако расистичките навреди,доколку се појават,се насочени исклучиво кон играчите на противничкиот клуб,а никогаш кон своите.
Етничката тензија меѓу Србите и Хрватите,исто така доведе до нивна пресметка на фудбалски натпревар во Австралија.На 13 Март 2005 година,Сиднеј Јунајтед(во кој играат Хрвати и кој е формиран од хрватски емигранти) и Бонајриг Вајт Иглс(во кој играат Срби и кој е формиран од српски емигрант)играа во Сиднеј,како дел од Новата Јужно-Велшка Премиер Лига.Околу 50 навивачи се судрија,што резултира со двајца повредени полицајци и петмина уапсени навивачи.Фудбалската федерација на Нов Јужен Велс одржа истрага за настаните,во која што двата клуба негираа дека тепачката била мотивирана врз расна основа или дека имало какво и да било етничко соперништво.
Хрватските хулигани се познати и по изведување на пиротехнички спектакли на стадионите во кои светлечки ракети(факели) и димни бомби се исфрлаат на теренот,предизвикувајќи одложување или откажување на натпреварот.Голем инцидент се случи во 2003 година во Рим за време на натпреварот Рома-Хајдук кога 900 членови на “Torcida” фрлија факели врз симпатизерите на Рома,што резултираше со судири со полицијата и повеќе повредени.
Во 2007 година, во Џенова се случи друг инцидент кога маскирани членови на "Torcida" ја нападнаа полицијата со тули,шишиња и камења.Безредијата продолжија на стадионот кога истите луѓе фрлаа столчиња на теренот и отпоздравуваа во нацистички стил.
Немири се случија и во 2006 г. во Осиек за време на мечот Осиек-Динамо.“Bad Blue Boys” и “Cohorta” се пресметаа пред натпреварот,при што еден навивач на Осиек се задоби со неколку рани од нож,по што следуваа напади на домашните навивачи врз полицијата и навивачите на Динамо со факели и камења.
Големи немири се случија во 2008г.во Прага пред мечот Спарта Прага-Динамо.Тие произлегоа поради поддршката на “ултранавивачите” на Спарта за Радован Караџиќ и Ратко Младиќ.Околу 500 “Bad Blue Boys” направија хаос во центарот на градот,кршејќи продавници и напаѓајќи ја полицијата со факели,столчиња и камења.Епилогот е:приближно 300 приведени навивачи на Динамо и 8 повредени полицајци.Пред немирите,истите навивачи го провоцираа локалното ромско население со нацистички поздрави.
Големо безредие се случи на 1 Мај 2010 г. на стадионот Максимир кога “Bad Blue Boys” се пресметаа со полицијата,што резултираше со повеќе апсења и еден полицаец во критична здравствена состојба.По натпреварот продолжија пресметките,во кои еден навивач на Динамо беше застрелан од страна на полициски службеници.
Повеќето хрватски фудбалски поддржувачи се патриоти и националисти и често се собираат заедно на политички или самостојно организирани настани,за да ја поддржат националната идеја.Во 2008 г. локалните”Delije” нападнаа хрватски студентски дом во Вуковар.После 2 недели,хулиганските групи организираа голем собир.Во градот се собраа 2500 хрватски навивачи во потрага по српски навивачи,но големото полициско присуство спречи насилство од големи размери.Неколку недели по собирот,маскирани членови на “Cohorta” упаднаа на состанокот на навивачкиот клуб „Делије“ во Бобота ,напаѓајки ги нив и полицијата со факели и бејзбол палки,што резултираше со повеќе повреди.Огромен инцидент се случи во 2009 година,претходејќи му на натпреварот ФК Политехника од Темишвар против Динамо.Четиристотини членови на “Bad Blue Boys” предизвикаа нереди во центарот на градот и го нападнаа локалното српско и ромско население. Иако по инцидентот романската полиција притвори голем број навивачи на Динамо,ситуацијата повторно излезе од контрола,сега на стадионот на ФК Темишвар,кога 200 “Bad Blue Boys” ја урнаа заштитната ограда на теренот и ја нападнаа полицијата и противничките навивачи со столчиња,палки и факели,при што повредија неколку лица.Многу хрватски хулигански групи поставуваат нацистички знамиња на натпреварите и за членови имаат нео-нацистички “skinheads”.Инциденти се случија и кога”Bad Blue Boys“и “Torcida” ги навредуваа противничките фудбалери на расна основа поради црната боја на кожа,фрлајќи банани на теренот.Во 2010 г.во Копривница беше нападнат камерунски фудбалер,кој се здоби со сериозни повреди.
Во декември 2010 година,10 до 15 хулигани,членови на навивачката група “Tornado”(Задар), го нападнаа автобусот на КК Партизан со камења и тули,при што едно лице беше повредено.
Во истиот месец ,30 до 40 “Bad Blue Boys” нападнаа и запалија автобус со навивачи на ПАОК со камења,тули и пиротехнички средства, нанесувајќи им повреди на неколку грчки навивачи.
Франција 300px|мини|Ултраси на ПСЖ пред натпревар, користејќи ракети и тифо-напади за да ја создадат посакуваната атмосфера.