Александар Поуп (роден на во — починал на во ) — англиски поет од XVIII век, најпознат по неговите сатирични стихови и преводот на Хомер. Тој е третиот по ред најцитиран писател во Речникот на цитати на Оксфорд по Вилијам Шекспир и Алфред Тенисон.Dictionary of Quotations (1999) Поуп е познат и по неговата употреба на херојскиот куплет.

Живот

Поуп бил син на Едит Поуп (1643 — 1733) и Александар Поуп Постариот (1646 — 1717), кој бил трговец со лен од Плоу Корт на улицата Ломбард во Лондон, и двајцата биле римокатолици.Erskine-Hill, DNB. Врз образованието на Поуп влијаел тогашниот Кривичен закон, кој го бранел статусот на тогаш воспоставената Црква на Англија, а не им дозволувал на католиците да бидат учители, да одат на универзитет, да имаат право на глас или да бидат носители на јавна функцијa. Неговата тетка го учела да чита. Потоа во 1698–1699 заминал во училиштето Твифорд. Потоа отишол во две католички училишта во Лондон.Erskine-Hill, DNB Such schools, while illegal, were tolerated in some areas.'Alexander Pope', Literature Online biography (2000). Ваквите училишта, иако илегални, во некои региони биле толерирани.

Во 1700 година, неговата фамилија се преселила на мал имот кај Поупсвуд во Бинфилд, Беркшир во близина на кралската шума Виндсор. Ова се должело на силниот антикатолицизам и статутот кој не им дозволувал на католиците да живеат поблиску од 10 милји (16 км) до Лондон или Вестминстер"An Act to prevent and avoid dangers which may grow by Popish Recusants" (3. Jac. 1, v). For details, see Catholic Encyclopedia, "Penal Laws".. Подоцна Поуп ја опишал селската околина во својата поема „Шумата Виндсор“Pope, Alexander. Windsor-Forest. Eighteenth-Century Poetry Archive (ECPA).. Тогаш завршило формалното образование на Поуп и од тогаш па натаму тој самиот се образовал со читање на класичните писатели како сатиристите Хорациј и Јувенал, епските поети Хомер и Вергилиј, и англиските автори како Џефри Чосер, Вилијам Шекспир и Џон ДрајденErskine-Hill, DNB. Исто така, учел многу јазици и читал дела од англиски, француски, италијански, латински и грчки поети. По пет години учење Поуп дошол до контакт со личности од Лондонското литературно друштво како Вилијам Вишерли, Вилијам Конгрив, Семјуел Гарт, Вилијам Трамбул и Вилијам Волш.

Во Бинфилд создал пријателства со многу важни личности. Едниот од нив, Џон Керил (идниот почитувач на „Грабнување на праменот“) бил дваесет години повозрасен од Поуп и имал повеќе познаници во лондонскиот литературен свет. Тој им го претставил младиот Поуп на веќе постариот драматург Вилијам Вишерли и на Вилијам Волш, не толку голем поет, кој му помогнал на Поуп да го ревидира своето прво големо дело „Пастири“. Таму ги сретнал и сестрите Блаунт, Тереза и (наводно неговата идна љубовница) Марта, кои му станале доживотни пријатели.

Од својата дванаесетта година тој страдал од бројни здравствени проблеми како болеста пот (вид на туберкулоза која ги напаѓа коските), која му го деформирала телото и му го стопирала растот, оставајќи го со тешка грпка. Неговата инфекција од туберкулоза создала и други здравствени проблеми, вклучувајќи проблеми со дишењето, висока температура, воспаление на очите и стомачни болки. Никогаш не бил повисок од 1.37 метри. Поуп веќе бил отстранет од општеството бидејќи бил католик и неговото слабо здравје уште толку го отуѓило. Иако никогаш не се оженил, тој имал многу пријателки на кои им пишувал духовити писма. Но, наводно имал една љубовница, неговата доживотна пријателка Марта Блаунт.Gordon (2002)'Mount', Britannica (2009)The Life of Alexander Pope, by Robert Carruthers, 1857, with a corrupted and badly scanned version available from Internet Archive, or as an even worse 23MB PDF. For reference to his relationship with Martha Blount and her sister, see pp.64–68 (89th and following pages of the PDF). In particular, discussion of the controversy over whether the relationship was sexual is described in some detail on pp.76–78..

Рана кариера

Во мај 1709 година неговото дело „Пастири“ било издадено во шестиот дел на Тонсоновите Poetical Miscellanies. Ова придонело за брза слава на Поуп. Следувал и „Есеј за критиката“, објавен во мај 1711 година, кој бил подеднакво добро прифатен.

Околу 1711 година Поуп се спријателил со торијанските писателите Џон Геј, Џонатан Свифт, Томас Парнел и Џон Арбуртнот, кои заедно го формирале сатиричниот клуб Скриблерус. Целта на овој клуб била да ги сатиризира неучтивоста и педантеријата во форма на фикцискиот учен Мартинус Скриблерус. Тој исто така создал пријателство со виговите писатели Џозеф Едисон и Ричард Стил. Во март 1713, поемата „Шумата Виндзор“ била објавена и имала голем успех.

Следна позната поема на Поуп била „Грабнувањето на праменот“ прво објавена во 1712, а потоа ревидирана верзија во 1714. Оваа поема понекогаш се смета за најважна бидејќи била сатиричен и херојски еп напишан за да ја исмејува кавгата од високото општество помеѓу Арабела Фермор (во поемата Белинда) и Лорд Петр, кој пресекол прамен од нејзината коса без таа да му дозволи. Во својата поема тој ги третира своите ликови во епски стил. Кога баронот ја краде нејзината коса и таа пробува да си ја врати назад, праменот полетува и се претвора во ѕвезда.

За врема на пријателството со Џозеф Едисон, Поуп сорабатува со него на наговата драма Като, а пишува и за списанијата Гардијан и Спектејтор. Околу ова време Поуп почнал да ја преведува Илијада, што било макотрпна работа. Објавувањето започнало во 1715 година и не завршило сè до 1720.

Во 1714 година со смртта на кралицата Ана и спорот помеѓу Хановерците и Јакобитите, политичката ситуација се влошила водејќи до обид за Јакобитската побуна во 1715 г. Иако можеби се очекувало од Поуп како католик да ги поддржи Јакобитите, поради неговите религиски и политички афинитети, според Мејнард Мек „на која страна беше Поуп во врска со овие збиднувања можеби никогаш нема да се разјасни“. Овие настани довеле кон пресврт во среќата на Торијците, а пријателот на Поуп, Хенри Сент Џон Први Висконт на Болингброк, побегнал во Франција.

Творештво Есеј за критиката

„Есеј за критиката“ прво бил издаден анонимно на 15 мај 1711 г. Поуп започнал да ја пишува поемата во почетокот на својата кариера и му биле потребни три години да ја заврши.

Во времето кога е објавена поемата, стилот херојски заплет (на кој била напишана) бил умерено нов жанр на поезија, и најамбициозно дело на Поуп. „Есеј за критиката“ бил проба за идентификување и насочување на неговите сопствени ставови како поет и критичар. За поемата се велело дека е одговор на тековна дебата за прашањето дали поезијата треба да биде природна или пишувана според предвидените измислени правила наследени од класичното минатоRogers (2006).

Поемата започнува со дискусија за стандардните правила кои ја управуваат поезијата според кои критичарот пренесува мислење. Поуп коментира за класичните автори кои се занимавале со такви стандарди и авторитетот за кој тој смета дека треба да им се припише ним. Тој заклучува дека правилата од антиката се идентични со правилата на природата и спаѓаат во категоријата на поезија и сликарство кои исто како религијата и моралот ги одразуваат природните закони.

Поемата е намерно напишано нејасна и е исполнета со противречности. Поуп признава дека правилата се неопходни за творење и критика, но дава важност на мистериозните и ирационалните квалитети на поезијата.Тој расправа за законите кон кои еден критичар треба да се придржува додека критикува поезија и посочува дека критичарите имаат важна улога во помагањето на поетите за нивните дела, спротивно на тоа дека треба да ги напаѓаатBaines (2001).

Во последниот дел од „Есеј за критиката“ се разгледуваат моралните квалитети и доблести својствени за идеален критичар за кој Поуп тврди дека е и идеален човек.

Превод на Илијада

Уште од детството Поуп бил фасциниран од Хомер. Во 1713 година ги највил своите планови за објавување на превод на Илијада. Делото би било достапно преку претплата со објавување на еден том годишно во текот на шест години. Поуп обезбедил револуционерен договор со издавачот Бернард Линтот, кој му довел приход од двесте гвинеи за секој издание, навистина многу голема сума.

Неговиот превод на Илијада се појавил помеѓу 1715 и 1720 г. Бил признаен од Семјуел Џонсон како „изведба со која ниедна доба ни нација не би можела да се мери“ (иако класичниот учен Ричард Бентли напишал: „тоа е убава поема, г. Поуп, но не смеете да ја наречете Хомер“).

Твикенхeм и Грото

Парите кои ги заработил од преводот на Хомер му овозможиле на Поуп да се пресели во вила во Твикенхем во 1719 г., каде што ги создал денес познатите грото и градини. Поуп го декорирал гротото со алабастер, мермер, руди, како мундик, и кристали. Тој исто така користел Корнски дијаманти, сталактити, расфрлани камења, змиски камења и морски камења. Бројни огледала, коишто биле скап луксуз во Августовската доба, исто така биле поставени насекаде низ гротото. Camera obscura била поставена за задоволство на посетителите, кои ги имало во голем број. Откривањето на извор за време на ископувањето на теренот овозможило подземното повлекување да биде исполнето со релаксирачки звуци на процедувачка вода, која што тивко одекнувала околу домот. Се зборва дека Поуп рекол “Уште Нимфи да имаше, сè ќе беше комплетно.“ Иако куќата и градините веќе долго време се руинирани, поголемиот дел од гротото сè уште постои. Гротото сега се наоѓа веднаш под Независното училиште „Св. Џејмс“ и е отворено за јавноста еднаш годишноLondon Evening Standard 2 November 2010.

Превод на Одисеја

Охрабрен од успехот на Илијада, Поуп ја превел и Одисеја. Преводот се појавил во 1726, но сега тој се соочил со тешкотии и ја побарал помошта од Вилијам Брум и Елајџа Фентон. Поуп се обидел да го сокрие степенот на соработка (самиот тој превел само дванаесет книги, додека Брум превел осум, а Фелтон четири), но тајната излегла на виделина. Лагата го оцрнила угледот на Поуп некое време, но не и неговиот профит..

Едиција на делата од Шекспир

Во овој период Поуп бил ангажиран од страна на издавачот Јакоб Тонсон да произведе ново опсежно издание на Вилијам Шекспир. Кога конечно се појавило во 1725 година, ова издание нечујно ја „регулирало“ Шекспировата стапка, каде Поуп дури и го преправил шекспировиот стих на неколку места. Поуп деградирал околу 1560 стиха шекспиров материјал во фусноти, тврдејќи дека биле „претерано лоши“ и дека никогаш не би ги напишал. (Други стихови биле целосно отфрлени од изданието). Во 1726 година Луис Теобалд, кој бил адвокат и поет, објавил памфлет со скечови наречен „Реставриран Шекспир“, кој ги навел грешките во делото на Поуп и предложил повеќе ревизии на текстот. Поуп и Теобалд најверојатно биле добри пријатели и Поуп без сомнежи го разбрал ова како прекршок на законите на пријателство.

Во 1728 година, било објавено второ издание од Поуповиот Шекспир, но иако биле направени некои мали ревизии на предговорот, се чини дека Поуп немал никаква врска со нив. Многу подоцна, уредниците од XVIII век го отфрлиле креативно- мотивираниот однос на Поуп кон текстуалната критика, но неговиот предговор сè уште бил високо ценет. Се тврдело дека текстовите на Шекспир биле премногу „загадени“ од изведбата на глумците и тие ќе влијаат на уредниците во поголемиот дел на XVIII век.

Подоцнежна кариера: „Есеј за човекот“ и сатири

Иако „Глупакот“ прво била објавена анонимно во Даблин, авторството никогаш не било ставено под сомеж. Мек го нарекол ова издание „ најголемиот чин на безумие во животот на Поуп“. Иако било ремек дело, создало „горчливо овошје“. На поетот му донело многу непријателства од страна на неговите жртви и нивните симпатизери, кои му навеле секакви клевети и лаги.... “ Заканите биле исто така и физички. Како што велела неговата сестра, Поуп никогаш не излегувал на прошетка без неговото куче од расата германска дога, и два наполнети пиштоли во џебот.