мини|Суперпозиција на речиси рамни бранови (дијагонални линии) од далечен извор и бранови од брановите на патките. Линеарноста важи само приближно во водата и само за бранови со мали амплитуди во однос на нивните бранови должини. Начело на суперпозиција — еден од најопштите закони во многуте гранки на физиката. Наједноставно, ова начело може да се срочи на следниот начин:
Најпознато е начелото на суперпозиција во електростатиката, каде тој утврдува дека електростатичкиот потенцијал, создаден во дадена точка во системот од полнежи, е збир од потенцијалите на одделните полнежи.
Начелото на суперпозиција може да се срочи и поинаку:
Заемодејството меѓу две честички не се менува при внесување на трета честчка која исто така заемодејствува со другите две. Енергијата на заемодејство на сите честички во еден многучестичен систем е всушност збир од енергиите на парните заемодејства меѓу сите можни парови на честички. Во системот не постојат повеќечестични заемодејства. Равенките кои го опишуваат однесувањето на многучестичните системи се линерани по количеството на честички.
Всушност, линеарноста на фундаменталната теорија во дадена област на физиката е причина за појавата на начелото на суперпозиција.
Категорија:Концепти во физиката Категорија:Бранови Категорија:Теорија за системите