Kрсто Бинов Андонов (, - , ) — македонски општественик, просветен деец, етнограф и стихотворец. Aрхивирано
Животопис За Андонов е претпоставувано дека бил роден околу 1886 година, зашто податокот што е впишан во белешките за неговиот живот очигледно е груб превид на нивниот составувач.Во ..Сведенин за живота на Кръсто Биневъ" (Обзор IV, фонд 190, арх. ед. 9890. БИА, София) стои дека е роден во 1838 година. Тој е син на македонскиот деец и даскал Бино Андонов. Прво се школувал во Константинопол, но поради недостиг на средства се префрлил во Битолската гимназија која што ја завршил во 1908 година. Негови учители биле Јордан Бадев Јанашлиев, подоцнежен администратор на весникот „Свободна реч“ во Софија, Петар Киров и Милан Небреклиев, кои по 1913 година станале преподаватели во машката гимназија во Хасково. Уште пред да го оформи гимназиското образование Крсто Андонов учителувал во Бешиште (1904-1905), во време кога грчките андарти напаѓале врз селото настојувајќи да го зацврстат своето влијание во Мариово. Подоцна тој учителувал во родното Витолиште и во селото Палчиште. Токму во тие години комитството во Мариовскиот регион, тој земал широк замав, спротивставувајќи им се жестоко на туѓинските пропаганди. За разлика од татка си, кој бил идеолошки лабилен, Крсто пројавува видни симпатии кон револуционерното движење и активно го помагал. Понесен од илузиите дека со натамошна интелектуална надградба на сопствените духовни потенцијали ќе може да се вивне над тривијалноста на средината во којашто живее, тој се обидол во Белград да издејствува за себе стипендија од српската власт и откако не успева во својата намера се вратил пак во Македонија. По трагичната смрт на татка си, во текот на 1916-1918 година, извршувал должност на секретар-даночник во родното село Витолиште. Бил биен во април 1918 година кај Живовската Река, при патувањето од Витолиште за Живово, за да им испорача парична помош на семејствата кои имале свои регрути во војската. Мотивите за овој злосторнички чин остануваат неразјаснети. Можеби затоа и неговите убијци никогаш не биле фатени од тогашните службени власти.
Библиографија „Впечатоци од Мариово. Кратки огледи од битот на Мариовецот. Лични“ (с. Витолиште, 1 јануари 1913 година) во кој, покрај другите материјали, во делот ..Лични", се поместени осум негови песни: „Хероите", Драго ми е да запеам", „Мила мајко", „На лов млад јунак", „На Ножот", „Каранџулов", „Изгорувањето на с. Жиово" и „Предавство“; „Збирка - стихотворенија“ (с. Витолиште, 1909 година); Славчо Ковилоски, „Запис за Крсто Бинев (Андонов) по повод 100 години од неговата смрт“. Современост бр. 3, стр. 110-113. Записи од Мариово. Избор и предговор Томислав Тодоровски. Скопје: Матица македонска, стр. 7-13.
Наводи
Категорија:Луѓе од Витолиште Категорија:Македонски етнографи