Димитриос Калапотакис или Димитрис Калапотакис () е грчки новинар, основач на Елиномакедонскиот комитет и еден од главните идеолози на грчката вооружена пропаганда.

Животопис

Тој е роден во 1862 година во Ареополи (Цимова), главниот центар на пелопонеската област Мани. Во 1885 година во Волос го основал весникот Симеа (Знаме), а следната година весникот почнал да се печати и издава во Атина. Од 1896 година започнал да го издава весникот Емброс (Напред), еден од најтиражните грчки весници.

Калапотакис е секретар на истакнатиот грчки политичар и премиер Харилаос Трикупис.Νικόλαος Μπουφίδης. Μια πρώτη προσέγγιση στη διαμάχη Λιβαδειάς-Θήβας.

Во 1904 година Калапотакис го формирал Елиномакедонскиот комитет во Атина и започнал со организирање на грчката вооружена пропаганда во Македонија .

Тој ги создал Обшите укази за македонските чети од Високиот совет на Македонскиот комитет, а во нив била определена борбата на андартите главно како антибугарска .

Елиномакедонскиот комитет го поддржувал андартското движење со собирање на доброволци од Крит и Мани, како и со пратки на оружје од внатрешноста на Грција.

Белешки

Извори

Надворешни врски Общи указания за македонските чети от Висшия съвет на Македонския комитет - от http://forum.skycode.com/

Калапотакис Димитриос Категорија:Родени во 1867 година Категорија:Починати во 1946 година