Киро Дојчиновски (Велмевци, ) ― македонски историчар.

Животопис Дојчиновски е роден во 1937 година во демирхисарското село Велмевци. Завршил Филозофски факултет на Универзиитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Магистрирал во Загреб, а докторирал на темата „Културното наследство на Македонија преку пишаниот збор“ во Сараево. Бил раководител на Македонска библиографија во НУБ „Св. Климент Охридски“, бил директор на Државниот архив на Македонија., бил Претседател на Дирекцијата за култура и уметност во Град Скопје и бил пратеник во Собранието на Македонија (2002 - 2006)

Библиографија

Дојчиновски има напишано над десет книги, некој негови, некој напишани со други соавтори:

„Скопје низ вековите“ првпат издадена 1994 „Занаетите и еснафите во Скопје“ првпат издадена 1996 „Актуелни задачи на архивите во времето на транзицијата“ првпат издадена 1996 „Старата Скопска чаршија“ првпат издадена 1996 „Творештвото на браќата Манаки-зборовник“ првпат издадена 1996 „Настаните на Скопското Кале,7 јануари 1945-документи“ првпат издадена 1997 „Занаетчиска комора на Скопје“ првпат издадена 1997 „Скопје во НОВ 1941-1945, книга 1“ првпат издадена 1997 „Македонија низ вековите“ првпат издадена 1999 „Скопје-Паралели“ првпат издадена 1999 „Тие му дадоа белег на векот“ првпат издадена 2000 „Запаметено минато“ првпат издадена 2001 „Документи за воената организација во Македонија 1941-1944, книга 1“ првпат издадена 2001 „Комуналниот систем и локалната самоуправа во Скопје 1944-2005“

Наводи

Категорија:Луѓе од Велмевци Категорија:Македонски историчари Категорија:Југословенски историчари Категорија:Пратенички состав 2002-2006 Категорија:Соработници на Службата за државна безбедност Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје